
Тоа беше најбрз гол во историјата на вечното римско дерби. Потоа истиот играч зголеми на 2-0 во 22’ минута, а Лоренцо Пелегрини ги постави конечните 3-0 за убедлив триумф.
Рома е на шесто место со 51 бод колку што има и петтопласираната Аталанта. Заостануваат 8 бода зад местото кое води во ЛШ и кое во моментов го држи Јувентус.