Не многу одамна, скоро секоја модна куќа (и дизајнер) имаше „своја“ жена - многу често тоа беше и измислена муза што физички и спиритуално ги отелотворуваше нивните вредности и визии. Неретко, дизајнерите лирично знаеја да го романтизираат нејзиниот животен стил - „Таа игра тенис, таа сака кога ветерот си игра со нејзината коса, таа оди боса по плажа, таа е архитект!“ и такви слични работи што ќе те натераат да мислиш дека ветер во коса е фино сѐ додека си облечена во Ралф Лорен. Е, нема веќе тоа.
14 мај 2021 - 12:27