Да кажуваше некој дека на почетокот на Париската модна недела ќе го гледаме шефот Вигам по Баленсијага-писта немаше да… Не, веројатно ќе поверувавме, затоа што ем е Баленсијага, ем е 2021.
И така, Симпсонови, сосе споредните ликови беа дел од шоуто на Баленсијага. Прво почна со опасни ликови како Амбер Валета и Наомби Кемпбел во Ким Кардашијан-латекс, па некако магично се претвори во специјална Симпсонс епизода.
Популацијата на Спрингфилд се сели во Париз, божем да го проверат новиот КФЦ на Шанзелизе и завршуваат на пистата на Димна Васалија.
Ги имаше Пати и Селма Бувие во изданија со остри рабови, Смитерс во црвен фустан, Марџ достојна за главна улога во кампања за пролет/лето 22.
Како што рековме, од толку изводење, Баленсијага некогаш и ќе трефне.
Sирнете. Преинтересно е, нова епизода, макар и 10-минутна, референци за Париз, мода и Баленсијага. Ана Винтур е таму. Хомер јаде цели полжави:
Тркалата на авионот!
Просто човек да засака Баленсијага.