Ви требаат чизми?

Зошто да не вакви? Не, озбилно, зошто, што им фали?

Шејн Оливер еден од 500-те BoF. Што значи тоа? 

Business of Fashion 500 е дефинитивниот професионален индекс на луѓе што учествуваат во формирањето на 2,4 трилионската модна индустрија, лично избрани од уредниците на Бизнис оф Фешн, врз основа на стотици номинации кои ги испраќаат тековните членови на BoF 500, и темелни анализи и истражувања.

Токму овој Шејн Оливер го креира ова:

Ако баш се затрчавте, ги нема во продажба (добро, знаеме дека никој не се затрча), и се работи за бодење очи со глупостите за кои Баленсијага треба да добие награда за животно дело, како би се обрнало внимание на новите дизајнери што го движат светот - и успешно е. Сега знаете кој е Шејн Оливер.

И не се само жолтиве, не е од вчера он:

 

Еве овде може и да се види како изгледа цел човек во нив.

Несреќно. Изгледа несреќно.

 

7 април 2021 - 12:47