Во ред, знаеме дека сега има ганц ново за купување, а глуми старо и винтиџ. Неколку такви продавници спонзорираат постови на Инстаграм и те канат за неколку илјади денари од кај нив да си набавиш нешто што кога ќе ти дојдат гости нема да знаат дали е собрано од куќата на прабаба ти што ја продадовте, или чини колку гуми за Мерцедес.
Инес Мелиа е диџејка од Париз, истовремено дизајнер и сликар. Додека беше затворен Париз се нашла со слободно време на претек и решила да се посвети на сопствените четири ѕида.
Мала куќа во Ванкувер ја наоѓаат во жална состојба, но бидејќи им се допаѓа квадратурата, дворот и маалото, ја купуваат и ја претвораат во дом. Плус им е што работат уредување ентериери и знаат точно што треба да прават.
Знаете она, кога ќе пораснеш и ќе сфатиш дека живееш во сопствена куќа и дека можеш да ја уредиш како сакаш? Е па, женава решила дека ќе прави приватен Дизниленд.
Убава куќа, плус оддава впечаток дека ја нема пипнато сама, туку само има влезено дизајнер на ентериер и има решено сѐ. И потребна ни е куќава, некако.
Кликаш и си викаш, „чекај да видам колку биле во заблуда“, за на крај на видеото да седиш со списоче и да коваш планови кој столар би можел да ти излезе во пресрет за сѐ ова да ископираш.
114. Испланирај тура низ Европа со кола, за откако ќе заврши ова. Со планирање буџет, пинови на мапа, со престој, со бирање хотели, со запишување што треба да видиш...
Влегуваме кај една што се вика „Кралица на самодовербата”. Да не знаеш дали да се нервираш, или да дозволиш да те инспирира, затоа што - нова година, новогодишни одлуки и подобро третирање себеси, и такви филозофии.