Неделна доза ентериер:

А можело и во 27 квадрати

Ова ако се жалите дека ви е тесно, да видите дека на некои луѓе им е доволно и помалку од 30 квадрати за (висококвалитетен) живот.

Меѓу прекрасни општински градини, постои објект во арт деко со име - Каиро Апартментс, и е важен елемент од архитектонското наследство на Мелбурн. Завршен е во 1936, и до ден денес становите се една вежба за минималистичко живеење.

Во гарсоњера од вакви ситни димензии, и најмалите модификации прават огромна разлика во однос на функционалноста на просторот.

Треба да ти текнат паметни решенија за складирање, плус да бидат лесни за користење за побрзо да конвертираш една единствена соба во зависност од потребите.

Она што воодушевува во ова слатко станче за мравки е светлината и погледот во зеленило воочливи веднаш штом влезеш. А ваква тераса немаат ни тродупло, па и повеќе од тоа поголеми станови, па…

Sирнете, ќе ви се најде.

8 јуни 2020 - 00:00