Неделна доза ентериер:

Замисли да живееш во ваков забавен стан

Каков ќе биде станот на Елен Ван Дусен ти станува јасно уште кога ќе застанеш пред влезната врата со боја на кашкавал од цртан филм.

Ван Дусен е основач на Дусен Дусен (одете на сајтот, ќе ве заболат очи од убавини) и кога го купувала станот била опседната со жолто. Сега се врти кон зелено, ама жолтото форевер ќе ѝ биде во омилени.

Ниеден друг стан во Њујорк не изгледа како нејзиниот, ама па тоа и се случува кога имаш јасна визија како треба твоето да изгледа, без да споредуваш со некое друго.

Има 33, успешен бизнис, а во станот, кој е како играчница за возрасни, живее со нејзините двајца браќа. И двајцата родители им се архитекти и помагале со идеи.

Една од повпечатливите детали се малите, чудни тотеми што ги собира: камче со смајли, ламба-кроасан, ракавици за жешко во вид на тестенини-машнички... Треба да ти текне дека одредени работи совршено се вклопуваат кај тебе дома и затоа сите овие луѓе истакнати во „Неделна доза ентериер“.

„Забавно“ е ретко збор за возрасни, но целата естетика на Ван Дусен го предизвикува овој момент.

На крај, агностицизмот на Ван Дусен во однос на возраста може да е причината што успеала да се оддржи на површина како бренд цели десет години. Во ера каде што луѓето се мачат да ги пофатат конците на бивањето возрасен, нејзиниот дизајн налага дека тајната е во изборот да се забавуваш, и да престанеш да се грижиш дали си умерен или мазен.

Моли Бернард (она раздрдорено чудо од Younger) вели: „Ведро и храбро е новото неутрално, така што, кој ве врти.“

И очигледно 2020-та носи таков ентериер, што ние топло ќе го поздравиме.

30 јануари 2020 - 15:21