Иако изгледа дека сè во сферата на филмот е стопирано, неодамна Епл ТВ+ го промовираше својот прв оригинален филм, базиран на вистинска приказна на двајца афро-американски бизнисмени кои успеваат да го изиграат расистичкиот систем на 1950-тите.
Со години, лекарите ја фалат моќта на плацебото - феномен при кој пациентите ги чувствуваат придобивките од лек што само мислат дека го добиваат, дури и кога не е така. Но ако мозокот е способен да произведе позитивни ефекти само од обично верување, тогаш може да функционира спротивното - да креира негативни сензации само поради можноста тие да се случат.
Мотивот на неочекувано и рапидно ширење на заразни болести не е нов во уметноста. За добриот писател или режисер тој дава одлична можност за анализа на екстремите на човечките однесувања, но и за помалку или повеќе прикриени апокалиптични пораки.
За волја на вистината, откако ќе го изгледате филмот, ќе сфатите дека што и да правите на Инстаграм, ако решила некоја Ингрид да ви се залепи - решено е, ама поуката стои. Живееме во многу чудно време.
После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.
Се разбира дека се мајтапиме со насловот, ама во иднина не му посакуваме вака во кариерата. Па ќе се шашардиса од толку разни тренерски замисли во кус период. Зарем има играч кој би сакал на секои два месеци да работи со нов тренер? Луда работа е ова што му се случува.
Околу 80 проценти од светот е зависник од една психоактивна супстанца, на која, бидејќи е дозволена и широко распространета, не ни гледаме како на таква. На здравје кафето!
Често родителите се решаваат да ги крстат своите деца во чест на некои нивни идоли, миленици или херои. Во 2000-те години во Франција имаше голем бран на деца кои го добија името Зинедин, по јунакот кој на Французите им донесе многу радости.
Една од најпознатите музејски институции во Франција, Музејот д’ Орсеј, почнува со нов пристап кон технологијата, истовремено заживувајќи ја својата колекција - преку ангажирање уметник кој треба да замисли како би изгледал Инстаграм профилот на познат колега од историјата.
Влегуваме кај една што се вика „Кралица на самодовербата”. Да не знаеш дали да се нервираш, или да дозволиш да те инспирира, затоа што - нова година, новогодишни одлуки и подобро третирање себеси, и такви филозофии.