„Ингрид оди на запад“ е филм на Нетфликс со Обри Плаза во главна улога, што истовремено значи и феноменален кастинг, со оглед на тоа каква будала е во прашање. Ингрид има тенденција да си мисли дека лајк и коментар значи „најбољи другарки од бебиња“, а штом сте „најбољи другарки од бебиња“, нема логика да не ја викнеш на свадба нели?
Приказната истражува како може да функционира болен ум, без (не сме до крај сигурни) злоба. Иако е трилер, времето во коешто живееме комотно може да помогне филмот за се сврсти во хорор, затоа што, замисли, се мажиш, се веселиш со другарки и ти доаѓа една што ти коментирала на Инстаграм пост во 2017, да ти се дере дека не си ја поканила и да те прска со солзавец? Незгодно.
Имате овде една пародија на нашето секојдневие, на глупите хаштази, лажните животи што се водат на социјални мрежи и тајните што се кријат зад совршенството што го прикажуваме. Исмевање со тоа што сѐ денес поминува како уметност и колку се луѓето површни.
Забавен е, на моменти дури и весел и покрај целата мрачност и сосема пригоден за муви најт со друштво, затоа што после те тера да развиеш дискусија - крајот е особено занимлив, затоа што, прво - не е моронски и безидеен како што често се случува, дури и со најдобрите; второ - те тера да се замислиш: Добар е? Страшен е? Спас? Проклетство?
Sирнете: