Минатата сезона имавме чисто англиско финале на Лига на шампиони. А денес премиерлигашите баш и не се најсјајни: Ливерпул, Тотенхем и Челси ги изгубија своите први натпревари во 1/8 финале со гол разлика 0:5.
Единствено образот им го обели Манчестер Сити. Актуелниот шампион на Англија одлично се справи со Реал Мадрид: 1:2 на Сантијаго Бернабеу е можеби најголемиот евро-резултат на „граѓаните“ во поновата клупска историја.
Творецот на успехот е Пеп Гвардиола. Уште еднаш направил успешен експеримент. На клупа ги седнал капитенот и главниот играч во одбраната Фернандињо како и Серхио Агуеро. Наместо нив од старт тргнаа Николас Отаменди и Габи Жезус. На клупа остана и Рахим Стерлинг кој пропушти неколку меча поради повреда.
Овие тактички замисли на Пеп беа полн погодок за Сити: во фаза на одбрана Жезус делуваше по лева страна, а неговото место во центарот од шпицот го заземаше Бернардо Силва со кого заедно делуваше Де Брујне.
„Ние четири години работиме со Пеп и се уште спрема изненадувања. Понекогаш играчите до самиот почеток на мечот не зборат што ќе треба да прават“, вели Де Брујне за мастер-мајндот на Сити.
Првото полувреме беше претпазливо и за двата тима: Реал и Сити створија по една шанса (домаќините преку ударот со глава на Бензема, а гостите со влезот на Габриел Жезус по додавање на Де Брујне).
Сити првпат не запна да има посед на топка што е редок случај.
Идеален опис на вториот дел даде токму Пеп Гвардиола: „Ние примивме гол кога изгледавме најдобро на теренот, а кога Реал изгледаше подобро, ние дадовме гол. Тоа е фудбал“.
Голот на Реал дојде во 60’ минута по грешката на Родри и Отаменди, домаќините извршија пресинг, Винисиус украде топка и одлично му асистираше на Иско.
Ова се случи откако Сити во првите 15 минути од вториот дел имаше неколку шанси а соодносот на удари беше 1:5 во нивна корист.
Но „граѓаните“ брзо одговорија во финишот: прво Де Брујне сјајно го пронајде Жезус за 1-1, а после Белгиецот од пенал по фаулот над Стерлинг даде гол и ја прекина ужасната серија од нереализирани пенали на Сити (ова беше 6-ти гол од 11-ти пенал за Манчестер Сити сезонава).
Откако Агуеро промаши пенал против Лестер во саботата, Гвардиола изјави дека Де Брујне ќе биде една од опциите за следен.
Интересни факти од мечот Реал - Сити:
- 8 шута од Сити - толку имаа заедно Ливерпул, Тотенхем и Челси вкупно на нивните први натпревари од 1/8 финале.
- Манчестер Сити е трет англиски клуб кој го совладал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот на Гвардиола им се придружи на Арсенал (0:1 во 2006-та) и Ливерпул (исто 0:1 во 2009-та).
- Пеп е прв тренер кој со два различни клуба го совладал Реал на гостински меч во ЛШ.
- Ова беше десетта победа вкупно против Реал Мадрид во кариерата на Гвардиола. Ниту еден тренер во ХХI век не го победувал Реал Мадрид толку чест (по 9 победи имаат Чоло Симеоне и Ернесто Валвердер).
- Пеп Гвардиола како тренер, на „Сантијаго Бернабеу“ има 9 меча: 6 победи, 1 пораз, 2 нерешени. Гол разлика 20:9 во негова корист.
- Интересно Пеп сега има 28 победи во нокаут фаза на Лига на шампиони. Гвардиола е рекордер, ги надмина Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти кои имаат по 27 победи.