#OffCafe препораки за време на корона:

#СедиСиДома 2: Идеи за занимација за време на изолација

...Време е прв пат во живот да направиш чоколадна торта од нула.

31. Среди си го CV-то, направи си го онакво шарено, со финти.

32. а)Дома си, можеш да готвиш.
      б) Дома си, можеш да се здебелиш.
      Диета? Онакво здраво јадење, без шеќер и леб, па од кризава да излезеш авион?

33. Ако ти е ‘не’ претходново, тогаш време е прв пат во живот да направиш чоколадна торта од нула.

34. И пита со кори од нула.

35. Баклава?

36. Филе мињон?

37. Еден рецепт на Рудолф. Замисли кое чувство на врхунско достигнување е тоа.

38. Заинати се дека секој ден ќе појадуваш и ќе ти стане навика.

39. Почни да учиш Фотошоп. Вордпрес. Вегас. Премиер. Може ќе биде корисно.

40. Секој ден читај по некоја статија за важен историски настан.

41. Најди си подкаст што те интересира.

42. Пробај дали ќе ти легнат аудиокниги.

43. Симни Киндл апликација. Има еден тон бесплатни книги на Амазон и често се добри. А од тие што се плаќаат, ги има СИТЕ.

44. Инсталирај Симс

45. Нарачај си трака за трчање и трчкај си со филмовите што ќе ги гледаш секој ден.

46. Отвори му Инстаграм на кучето/мачето.

47. Отвори му Инстаграм на јадењето.

48. На било кој предмет дома („Денес звучникот беше во фрижидер“. „Денес беше во купатило.“)

49. Среди ги сите фиоки и плакарчиња во кујна.

50. Испофрлај стара козметика, средства за хигиена и слично

Не излегувај надвор ако не мораш, не паничи и не се собирај со луѓе.

Прв дел

Трет дел

Четврти дел
Петти дел
Шести дел

15 март 2020 - 15:10