7 прашања што треба да си ги поставиш пред да дадеш отказ

Постои паметен и внимателен начин да дадеш отказ од работа, дури и ако немаш резерва во моментов.

Отказот е излезен од рајот и тоа им е јасно на сите што барем еднаш во животот напуштиле работа што ги гуши. Слично како кога си заљубен, одиш по воздух, добиваш идеи, размислуваш креативно, сите ги сакаш и се чувствуваш просветлен. Но, ако сè уште си на два ума, можеш да седнеш и да си одговориш на некои прашања, затоа што тоа е возрасното решение и заслужуваш да бидеш уште посамоуверен во новата одлука.

1. Што треба да се случи за да ми биде убаво на оваа работа?

Пред да дадеш отказ, можеш да запишеш што би требало да се смени на твоето работно место за ти да сакаш да останеш. Овие промени може и да се невозможни или претерани, но ако ги видиш на хартија е одма подруго. Ако не размислиш за работите што ти требаат, или сакаш да ги избегнеш, можеш да се најдеш во исти услови, само на поинакво работно место.

2. Бегам од нешто или кон нешто?

Тоа што сакаш да си одиш од глупа работа е сосема разбирливо, но ако тоа ти е единствена мотивација, може да се најдеш во тешка ситуација. Кога бегаме ОД нешто наместо КОН нешто, едноставно - избегнуваме. Ако само избегнуваме, секогаш ќе ни се чини дека нешто недостасува. Треба да размислиш што точно сакаш пред да направиш некаков чекор, инаку само трчаш во круг.

3. Какви проблеми очекувам да решам со тоа што ќе дадам отказ?

Важно е да се запрашаш дали си несреќен на работа поради други нешта во животот, или е само до работата. Може да си исфрустриран/а поради нешто лично, а упорно не можеш да го идентификуваш. Одвој време за размислување, пробај со дневник, пробај со долга прошетка.

4. Можам ли да го одбранам мојот избор да си одам, дури и ако други не се согласуваат со него?

Разговарај со партнерот, со родителите, пријателите, поштарот, кој и да треба. Замисли ја одлуката како сет од концентрични кругови, каде што твоите убедувања се во центарот, а советите од другите се надвор од него. Мислењето на другите може да се смени, или да влече корен од нивните сопствени стравови и несигурности, па затоа ти треба твојата сопствена непоколеблива поддршка. Често жените се склони да носат одлуки што се однесуваат лично на нив само за да ги задоволат другите. Прашај се, дали ова го правиш за себе, или за одобрување од некој друг?

5. Можам ли финансиски да си дозволам отказ?

Само ти можеш да си решиш дали си финансиски стабилен да напуштиш работа, но сепак, постојат неколку бројки што можат да ти помогнат да одлучиш.

Ако дадам отказ без да имам ново решение, како можам да се снајдам во наредните 6-12 месеци?
Кои трошоци можам да ги укинам привремено знаејќи дека ќе можам повторно да ги воведам кога ќе имам работа?
Во кој момент веќе нема да можам да се издржувам? Ако се случи тоа, како ќе добијам финансиска сигурност?

6. Каков ми е планот првиот ден откако ќе напуштам?

Нормално е да си анксиозен првиот ден (недела, месец) откако ќе дадеш отказ, но можеш да се спремиш и за тоа. Можеш да направиш список на причините поради кои даваш отказ за да си го читаш кога ќе те нападне сомнеж, да си го запишеш целиот позитивен фидбек што го имаш добиено на работа или приватно, за кога ќе ти треба бустање на самодовербата; да направиш реалистична дневна рутина што вклучува грижа за себе; едноставно, да се грижиш за сопствената општа благосостојба со добро спиење и јадење и да најдеш нови извори на самодоверба, неповрзани со кариера. Можеш да направиш и пре-мортем: Напиши се што може да тргне наопаку и смисли решение за секое сценарио. Може и да нема решение, можеш да пишеш „прошетај, чекај два часа пред да одговориш.”

7. Дали се плашам?

Ако одговорот е да, во ред е и тоа. Тремата пред да дадеш отказ е добра работа. Ако немаш трема, веројатно го немаш осмислено тоа како што треба. Стравот е нормална реакција што те тера да се фокусираш и да размислиш за последиците и покажува зрелост. Сепак, преголем страв може да ти ја замати моќта на расудување. Експертите советуваат да се визуелизираш себеси, девет дена, девет недели и девет месеци подоцна. „Понекогаш, се воздржуваме од отказ затоа што ни е страв дека ќе зажалиме. Но, девет месеци подоцна, тешко дека ќе се најдеш како посакуваш да си останал. Не е ретко луѓето да напуштат, па месеци подоцна да се вратат во истата организација со нови вештини и животно искуство. Затоа и никогаш не треба да се палат мостови.

21 јануари 2020 - 12:21