Еден пар од Холандија отишол уште подалеку и го нарекол синот во чест на саканиот клуб - Феенорд.
Интересно, законите во Холандија им забрануваат на родители да им даваат на децата „непримерни“ имиња, па родителите, решиле да одат до крај и отишле од Ротердам до Белгија на помалку од 100 километри. А во соседната држава името Феенорд не го сметале за непримерено. Така планот им успеал.
Детето сега се вика Брајан Феенорд Вилсон.
„Гледајте, кога се роди мојот постар син, Леонардо уште играше за Феенорд. Многу навивачи си ги крстија децата Леонардо. И знаете што се случи на крај? Тој отиде да игра за Ајакс и не предаде! Замисли син ти да се вика по најдобриот играч на крвниот непријател. Но со мене тоа не се случи!, вели таткото на малиот Феенорд во интервју за холандско радио.
А верувале или не, постариот син, Мики Вилсон исто стана легенда меѓу навивачите на Феенорд. Него во детство го сликаа како покажува среден прст и оваа фотографија стана глобално позната уште на времето. Речиси и да нема човек што користел интернет а што не ја забележал некаде.
Сликата е направена во 2002 година за време на финалето на Купот на УЕФА кога Феенорд ја совлада Борусија Дортмунд на домашен терен. Малиот Мики тогаш имал само 5 години. Денес тој на раката има тетоважа You''ll Never Walk Alone - песна еднакво популарна и меѓу навивачите на Феенорд.