Стартуваше второлигашкиот фудбал во Македонија со Вардар кој одигра 0:0 против Кораб на гости. Одиме со еден момент од средбата во Гостивар, каде Воска Спорт од Охрид славеше 0:4. Тензиите после добиен црвен за играч од домашниот тим се одвиваат на доста познат начин.
Шведскиот претставник кој пред четири години во второто квалификациско коло нагази на македонската мина Вардар, ќе игра во групната фаза оделитата. После триумфот од 2:0, на гости загуби 2:1 од Лудогорец, а голот кој ќе им донесе скоро 10 милиони само од пласманот е оваа бомба на 23 годишниот Вељко Бирманчевиќ кого го купија годинава од Чукарички.
Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.
Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.
Дејан Георгиевски е само вториот наш претставник со најголемото олимписко одличје од независноста на Македонија. Но историјата со Македонците во Олимпизмот е подлабока и датира од 1956-та година со голман кој кариерата ја почнал во ФК Вардар.
По долгата и неизвесна сага, ФК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која за прв пат во историјата ќе игра во втора лига. За Комити тоа ништо не менува во однос на поддршката. Дојдоа и одржаа говор пред фудбалерите.
Сергеј Самсоненко е минато во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. Нов сопственик е компанијата „Блу скај инвестментс“ на чело со Слободан Крстевски. Тренер Горан Симов кој доаѓа од Силекс.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.
И покрај тоа што е член на Штутгарт, а цела Европа го виде и на Европското првенство каде дебитираше со Македонија, сепак Даре не заборава од каде потекнува.
Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.
Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...
„Вардар беше репрезентацијата на Македонија, локомотива на македонскиот фудбал. Ова како намерно да е. Ми е страв дека ќе го снема“, вели емотивно струмичанецот за скопски Вардар.
21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.
Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.
Кариерата ја почна во локален клуб во Крива Паланка, каде што е роден. И даде гол на Рома на Градски во дресот на Вардар, а Штутгарт го купи од Силекс за дебела пара во тоа време.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
Легендарниот фудбалер на Вардар е разочаран од ситуацијата во клубот со кој оствари апсолутен рекорд од 845 настапи. Многу чудни работи се случија, вели Димитровски.
Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.