Добро е, пантерот на Вардар се исправи на нозе

Убави вести пристигнуваат од Негорски Бањи, каде во моментов се рехабилитира најголемата голманска легенда на Вардар, Драган Мутибариќ.

74 годишниот Мутибариќ пред еден месец имаше мозочен удар и беше во тешка здравствена состојба, а во интервју за Слободен печат изјави дека е неподвижен и дека по 12 дена лежење во болница не знае што понатаму.

„Неподвижен сум, врзан за постела. Не знам како да планирам евентуална рехабилитација, кога има коронавирус на сите страни. Што е подобро, да добијам коронавирус, што би било кобно за мене, или да мирувам вака? Ситуацијата ми е катастрофална. Јас сум оптимист по природа, но доколку ова го пребродам ќе биде чудо. Немоќен сум потполно“.

Проблемот е што со сопругата живеат со една пензија од 13.500 денари, пари со кои не може да си дозволи основни работи, како лекарства и рехабилитација.

Но син му на Муто, Слободан Мутибариќ, исто така поранешен голман на Вардар соопшти на Фејсбук дека татко му е на нозе и му се заблагодари на бизнисменот Труфин Костовски за помошта.

Инаку легендарниот Мутибариќ сè уште го држи рекордот во Македонија од 1004 минути без примен гол, поставен во 1989-та во Вардар за кој има 461 настап. Добитник е на 13-Ноемвриската награда, а четири пати бил и најдобар спортист на Македонија.

Седум години по ред аплицирал за еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт, а по апелот на медиумите, директорот на АМС, Наумче Мојсоски изјави тој ќе добие еднократна помош и дека ќе влезе во системот со цел да се обезбеди трајнo решение за континуирана финансиска поддршка.

Golem pozdrav do makedonskata javnost legendata poleka zastanuva na noze a i golema blagodarnost do Trifun kostovski za ova delo

Posted by Boban Mutibaric Slobodan Mutibaric on Thursday, May 6, 2021

 

7 мај 2021 - 12:19