Легендарната единица во црвено-црниот дрес има одиграно 461 натпревар, 11 за југословенската репрезентација и 5 за младинската, со која во 1968-ма го освојува и државниот куп. Во својата кариера бранел и во Бундес лигата (Шалке 04 и Швенинген), но и за Трепча, Тетекс и Македонија Ѓорче Петров. Добитник е на 13-Ноемврсиката награда, а четири пати бил и најдобар спортист на Македонија. Сè уште е сопственик на домашниот голмански рекорд од 1989 година -1004 минути без примен гол!