Од 1947 година до денес во вардаровиот историски фудбалски музеј има повеќе од педесет чувари на мрежата. Но, само до неговото име стои описот – пантер меѓу стативите!
Како е можно ниту еден државен орган да не се погрижи за легендарната единица кој го има носено црвено-црниот дрес на 461 натпревар? Па и Вардар. Плус има и 11 настапи за сениорската и 5 за младинската репрезентација на Југославија, а меѓу другите клубови бранеше и за Шалке и Швенинген.
Пред 15 дена Муто имал мозочен удар и сега е во очајна здравствена состојба.
„Ме однесоа во болница, таму лежев 12 дена. Сега сум дома, на закрепнување. Лекарите ме отпуштија и не ми кажаа што треба да правам. Дали треба да одам на некаква рехабилитација? Морам да се консултирам што понатаму“,вели Мутибариќ за Слободен печат.
„Неподвижен сум, врзан за постела. Не знам како да планирам евентуална рехабилитација, кога има коронавирус на сите страни. Што е подобро, да добијам коронавирус на 75 години, што би било кобно за мене, или да мирувам вака? Ситуацијата ми е катастрофална. Јас сум оптимист по природа, но доколку ова го пребродам ќе биде чудо. Немоќен сум потполно“.
Инаку тој сè уште го држи рекордот во Македонија од 1004 минути без примен гол, поставен во 1989-та. Добитник е на 13-Ноемврсиката награда, а четири пати бил и најдобар спортист на Македонија.
Седум години по ред аплицирал за еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт, но досега не ја добил. Со 13.500 денари живеат со сопругата.
Целото интервју за Слободен печат го имате тука, а нашето кое го правеше Ноне Ноциќ во 2017-та овде.