Се работи за поранешниот македонски репрезентативец, Срѓан Захариевски кој во 1998-ма направи трансфер од Силекс во Штутгарт за 1,3 милиони марки. Неофицијално вкупно се работело за 1,8 милиони марки, пишува Спортманија.
47 годишниот Захариевски ја почна кариерата во локалниот клуб Бентос, потоа играше во Маџари Солидарност, а по настапите во Силекс стапна во Бундеслигата, каде во сезоната 1999/2000 играше заедно со Митко Стојковски во Штутгарт.
Сумата која ја платил пет кратниот првак на Германија за него сè уште е во топ 5, ако зборуваме за трансфер на наш фудбалер од македонското првенство во странство.
„Тоа беше големо признание за мене како фудбалер, но и шокантен трансфер. Да те бара и да те ангажира клуб со над стогодишна традиција и многукратен првак на Германија не е мала работа. Во Штутгарт тогаш играше и Митко Стојковски, па бевме двајца фудбалери од мала земја како што е Македонија во голем клуб со неверојатна традиција.
И со ѕвезди од калибарот на Красимир Балаков, Фреди Бобич, Томас Бертолд, Томас Шнајдер, Звонимир Солдо и уште многу други познати играчи. Од клубот само што си замина тренерот Јоаким Лев, сегашен селектор на Германија. Потоа имаше турбулентен период со смени на неколку тренери. Се сменија Вини Шефер, Волфганг Ролф и Рајнер Адрион, па пред стартот на новата сезона 1999/2000 дојде Ралф Рангник. Човек што веројатно не сакаше играчи од Балканот, а во Штутгарт нѐ имаше доста, па тоа беше и крај за мене во клубот. Ми е жал што стигнав во турбулентен период во Штутгарт и малку играв“,
Захариевски потоа играше во првата португалска лига, па од 2001-ва до 2004-та го носеше дресот на Вардар. Потоа настапуваше во три грчки клубови, па Тетекс и на крај во Металург, каде ја заврши кариерата во 2012-та.
За Македонија има 22 настапи и 3 гола, а за издвојување е овој бомбастичен погодок против Малта.
Како и оној против Рома во Купот на УЕФА кога Вардар одигра 1:1 на Градски.
Целото интервју со Захариевски прочитајте го тука.