Некои фудбалери по крајот на богатите кариери се решаваат за нови животни поглавја. Некој води ресторан, некој станува тренер, некој менаџер, а има и такви што влегуваат во политички води. И тоа во политика во многу заебани места за такво нешто.
Шест натпревари - 18 голови на вечерашните средби од 21 часот во ЛШ. Атлетико Мадрид оствари очекувана победа за осминафинале, Баерн го доби дербито на вечерта против Мурињо, а Црвена Звезда остана без ЛЕ во 88-ма минута, откако претходно утна пенал.
Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога во Е групата од Лига на шампиони и со сигурни победи против Генк и Салцбург ќе бидат дел од нокаут фазата од ЛШ која стандардно стартува во февруари. Елиф Елмас остана на клупа.
И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.
Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.
Мохамед Салах го реши највозбудливиот меч на вечерта на кој Салцбург од 3:0 успеа да стигне до 3:3. Интер створи еден куп шанси на Камп Ноу, но Луис Суарез го реши лидерот од Серија А. Ајакс убедлив на Местаља.
Гол првенец за Мауро Икарди вреден 3 бода во Турција. Рутинирани победи на Сити, Јуве и Атлетико. Европскиот вицепрвак со црвени образи го напушти стадионот, а Црвена Звезда во финишот ги разби Грците.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Фудбалерите на хрватскиот шампион со четири парчиња во мрежата ја испратија Аталанта назад во Бергамо. Сити сигурен во Украина, реми меѓу Атлетико и Јувентус во дербито.
Со 16 години и 351 ден, Ансу Фати вечерва стана најмладиот играч во историјата на Барса кој играл во Лига на шампиони. Елиф Елмас доби 15 минути од Анчелоти во триумфот против европскиот шампион Ливерпул.
Стартува вечерва, а завршува на 30-ти мај догодина во Истанбул, што значи ќе се изнагледаме и ќе се изнауживаме. Колку само историја има зад ова натпреварување кое во Европа опстојува 65 години. Победи, порази, рекорди, успеси, неуспеси, малери...И така 65-та година по ред во која се испреплетени многу генерации. Едвај чекаме денов да стане ноќ.
Вечерва започнува групната фаза на јубилејното 65. издание на Лигата на шампионите (28. во актуелната формула), турнир кој со квалификации започна на 25 јуни и кој одново носи енорнма заработка за сите учесници.
Вечерва во Нион се извлекоа групите за Лига на шампиони, а најинтересна е можеби групата Ф во која Барселона ќе игра против Интер, Борусија Дортмунд и Славија Прага.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.
За разлика од Миле Јединак, Џејмс Харден или Рурик Гисласон, најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, одвреме-навреме ја бричи брадата па пак ја пушта. Првиот пат ја пуштил поради суеверие и што другарите го убедувале да не се бричи.