Лига на шампиони

Реал оди на Сити, а Јувентус доби противник од Франција

Очекувано, во седиштето на УЕФА во Нион се извлекоа интересни парови кои би требало да донесат ултра добри натпревари на почетокот на следната година.

Португалецот Педро Пинто кој долги години работеше во спортската редакција на СиЕнЕн, ја водеше церемонијата за ждрепката која што ја влечеа Џорџо Маркети, генералниот секретар на УЕФА и директор за натпреварувања во европската фудбалска унија, Кели Смит, поранешна фудбалска репрезентативка на Англија и Хамид Алтинтоп (поранешен играч на Баерн, Шалке и Галатасарај).

Интересно, првпат откако се игра Лига на шампиони сите 16 тимови во оваа фаза ќе бидат од Топ5 лигите на Европа.

ОСМИНАФИНАЛНИ ПАРОВИ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ:

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ
АТАЛАНТА - ВАЛЕНСИЈА
АТЛЕТИКО МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ
ЧЕЛСИ - БАЕРН МИНХЕН
ЛИОН - ЈУВЕНТУС
ТОТЕНХЕМ - ЛАЈПЦИГ
НАПОЛИ - БАРСЕЛОНА

Првите натпревари од 1/8 финалето се играат на 18/19 и 25/26 февруари, со реванши на 10/11 и 17/18 март.

Финалето на Лига на шампиони ќе се игра на 30 мај 2020 стадионот „Ататурк“ во Истанбул, место каде се одигра најлудото финале во историјата меѓу Ливерпул и Милан.

16 декември 2019 - 12:20