Мекдоналд Марига во 2010 година стана првиот Кениец во историјата кој освоил Лига на шампиони. Во најславната сезона по Интер, со Мурињо, Ето, Панедв и Милито, Кениецот беше резерва, но одигра неколку минути во ЛШ на фамозниот меч против Барселона и ЦСКА Москва.
Потоа го следеа повреди, позајмици и трансфер во Парма. Последниот официјален натпревар Марига го одигра во мај 2018 година за шпанскиот клуб Овиедо во втората шпанска лига.
Кариерата ја заврши на 30 години (според пасош).
Од тогаш за него немаше ни трага ни глас во Европа.
Во меѓувреме познат руски богер, Леонид Пашковскиј, кој патува во земји во кои туристи обично не одат, снимил видео за еден град во Кенија. Се работи за Кибера, град со 170.070 жители, на само 5 километри од Најробри, престолнината на Кенија. И таму за време на посетата на Леонид, се одржувале избори на кои кандидат бил и Мекдоналд Марига (се појавува на кратко во видеото
Во гетото имало нереди меѓу приврзаниците на двајца кандидати, а во тоа време Марига добивал благослов од пастирот.
Поранешниот фудбалер на Интер бил и во парламентот на Кенија како член на партијата „Џубили“.
„Тој е многу добар лидер, раскажуваат неговите приврзаници. Има многу добра програма за подобрување на животот на луѓето во Кибера. Има разни типови на лидери. Има такви кои само се збогатуваат откако ќе ги изберат. Но Марига има потенцијал, способен е за лидер. Не само со муабети, туку и со тоа што го прави за општеството. Го знаеме, не е тој само за пари“.
А кога човек ќе го види видеото ќе ја види реалната слика на гетото.
На крајот од изборите, Марига завршил како втор. Собрал околу 11.000 гласа, а победникот Имран Окота добил 24.000 гласа.