На 14 кола до крајот на сезоната во Серија А, Бјанконерите веќе ја имаат направено математиката за освојување на нова осма титула по ред. Осма. Како тргнале, изгледа треба да паузираат некоја година со неиграње за да гледаме неизвесност.
Мега ѕвездата со нето годишна плата од 30 милиони евра за кој се претпоставува дека со се маркетинг прави 100 милиони годишно, отвори хотел во градот Маракеш во Мароко. Глупаво е да набројуваме што сè има во оваа чудесија, само ќе кажеме дека капацитетот му е 174 соби, а ноќевање е 200 евра.
Легендарниот напаѓач кој со Пандев и соиграчите на Интер му донесоа тројна круна, сега за првпат во Аргентина имплементира систем кој го научил во Европа. Веќе нема непланско трошење и дива лига.
Легендата на алпското скијање пред неколку недели призна дека се предава во борбата со честите повреди: „Срцето и разумот ми говорат дека можам да настапувам уште, но телото се противи“.
Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.
Ниту иконата Паоло Малдини на 19 години немал 150 настапи за Милан, подвиг кој му успеа на Џиџо Донарума синоќа во триумфот против Каљари (3:0). Џиџоне, кој важи за легитимен наследник на големиот Буфон, заработува 6 милиони евра годишно + бонуси.
Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.
Оние 38 милиони евра кои Манчестер Сити му ги плати на Атлетико за Агуеро во 2011-та година и 138 да беа, немаше да треба да се каат. Човекот дојде, помести граници и испиша историја. Кроен е за решетање.
Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.
На Самир Хандановиќ, првиот голман на Интер и Даниеле Падели, неговата резерва на клупата им пришло едно дете кое барало автограм од третиот голман Томазо Берни за кој малку кој слушнал.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.
Денис Суарез не е некое славно име како што е на пример Луис Суарез, ама тоа не значи дека не може да ги изеде колегите (во бирање женски). На 30 јануари Барса го прати на позајмица во Арсенал, што значи дека Лондон од тој ден е уште поубав. Тоест многу поубав, бидејќи со него замина и 21 годишната Надиа. Уживајте.
По поразот од Аталанта, фудбалерите на Каљари беа да им се извинат на ултрасите и застанаа пред нивната огада да бараат прошка. Многу италијански навивачи зовреа од негативни коментари на социјалните мрежи. На еден му доаѓа да ги упуца.
Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
Реал Мадрид го совлада Алавес со 3:0, а Мариано Дијаз во еден дуел непречен од никој, сам себе се издрибла, се совлада, се исповрте и падна, а сакаше само да го оствари оној прв допир со топка. Смешки.