Мајк Тајсон ужива на фестивал за марихуана

Далеку од градската врева и боксерските промоции на незгодните менаџери, легендата „свири во труба“ редовно.

Поранешниот светски боксерски шампион, 52-годишниот „Железен Мајк“ откри дека секојдневно ужива во конзумирање марихуана, а и се занимава со садење на ова растение.

Иконата на боксот кој имаше 50 победи од кои 44 со нокаут, по години трзавици, конечно го нашол својот мир. Мајк откри дека по законот за легализација на марихуаната во Калифорнија во 2018-та, тој решил да ја одгледуваа оваа билка на неговиот ранч во тн. Долина на смртта во источна Калифорнија.

Таму Тајсон имал околу 40 хектари земја на која засадил канабис. Вели дека во најголем дел марихуаната е за негова лична употреба и дека понекоаш ја отстапува нивата на истражувачите за медицински потреби од ова растение.

Мајк деновиве е присутен и на фестивалот посветен на марихуана каде ужива со другарите

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@miketyson Smoking A Fatty W/ @breal @brealtv 😱💨 Tag a friend 😤 Follow @cmw420tv

A post shared by Cannabis Marijuana Weed (@cmw420tv) on

11 февруари 2019 - 14:54