Имаше еден јак податок за Серхио Агуеро од пред година и кусур кој вели вака:
Во период во кој Лукаку даде 92, Руни 84, а Кејн 86 погодоци, а се мисли од сезоната 2011/2012, Агуеро успеа да стигне до бројка од 129 гола. Каков страшен податок, особено што споредбата е со најадекватни напаѓачки имиња.
30 годишниот напаѓач стана или поточно веќе со години е машина за голови која не застанува со лудото темпо на голови во Премиер лигата.
За 65 минути против Челси имаше 3 гола, пречка со глава и промашување на празен гол, што значи дека бил близу до петка, а Челси до пораз од 8:0.
Откако овој човек, инаку поранешен зет на Марадона е во Манчестер Сити има реализирано 222 гола на 322 средби или во просек 0,68 голови по натпревар. Какво достигнување.
Еднаш има постигнато 5 гола (во октомври 2015-та против Њукасл), два пати има постигнато по четири гола, потоа 15 хет-трикови и 25 пати по два гола.
Со синоќешниот хет-трик, број 11 во Премиер лигата го стигна рекордот на Алан Ширер.
Инаку Агуеро веќе е најдобар клупски стрелец во историјата на Манчестер Сити на сите натпреварувања, а од викедов е и најдобар клупски стрелец во Премиер лигата.
Какви бројки за напаѓач кој не знае што се граници на постигнување голови, но и за вреден играч кој многу трча и се бори. Не се работи за статичен шпиц кој чека само да ја боцне топката во шеснаесетник.
Она што уште повеќе или највеќе импресионира кај овој човек е што на дуелите против Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем има постигнато фантастични 43 гола на 62 натпревари.
Е тоа е прав напаѓач, оној кој решава тврди, тешки и големи натпревари.
⚽️⚽️ Sergio Aguero
— Sky Sports Statto (@SkySportsStatto) February 10, 2019
159 - Man City’s new all-time top league scorer
9 - Most goals in PL fixtures between Man City and Chelsea pic.twitter.com/vNrvb17GK0
Мајк Дин се обиде да му ја сокрие топката.