Мечот на најголемиот англиски стадион имаше чудна увертира. Пред натпреварот Маурисио Почетино по традиција дојде кај гостинската клупа, за да се поздрави со тренерот на Дортмунд.
Аргентинецот му пружи рака на Лусиен Фавре, но овој му врати со насмевка и стегната тупаница за поздрав.
Сите помислиле да не е некакво суеверие или фобија, а швајцарскиот тренер на крај објаснил дека на почетокот на февруари закачил јак грип и дека не сакал да го зарази Почетино. На почетокот на месецов тој го пропушти и мечот со Хофенхајм во Бундеслигата поради грип.
Реваншот меѓу овие две екипи ќе се игра на 5 март.
А овој, за среќа немал грип.