Во петокот ноќта Јувентус имаше лесен тренинг против Фрозиноне (3:0), како загревање за утрешниот осминафинален натпревар од ЛШ против Атлетико Мадрид.
Алегри после средбата даде изјава со која само му даде до знаење на Наполи дека џабе се поти.
„Оваа сезона мислам дека ќе бидат доволни 90 за да го освоиме Скудетото“.
Во овој момент од сезоната не треба да сте натпросечен математичар за да сфатите дека Јувентус е на само еден чекор до освојување на титулата број 8 по ред, нешто што не се случили до сега откако постои италијанскиот фудбал.
Старата Дама има 66 бода, Наполи 53, а тоа се недостижни 13 бода кои треба да се случи чудо над чудото за да им ги анулираат. Момците на Алегри 24 кола не знаат за пораз и имаат 21 победа и 3 нерешени (со Аталанта, Џенова и Парма), а Наполитанците се со 16 победи, 5 нерешени и 3 порази.
На Јувентус му требаат уште 8 победи од можни 14 кола за да ја одбрани титулата, што значи има право на шест кикса. Но со оглед на нивната моќ и пристап, повеќе од е јасно е дека ќе сакаат што порано да ја завршат работата за да можат растеретено да му се посветат на финишот во ЛШ, која им е цел изминативе години.
До крајот немаат воопшто наивен распоред бидејќи имаат четири тешки од вкупно осум гостувања со Болоња, Наполи, Џенова Каљари, СПАЛ, Интер, Рома и Сампдорија, а дома ги пречекуваат Удинезе, Емполи, Милан, Фиорентина, Торино и Аталанта.
Но кога игра Јуве не прави разлика дали е домаќин или гостин. Имаа целосна доминација и без Кристијано Роналдо, а со него се уште пострашни, плус дечкото на 34 години ја држи листата на стрелци со 19 гола.
Минатата сезона Наполи го совлада Јуве на гости со голот на Кулибали во 90-та минута и на 4 кола до крај им се приближија на бод, сценарио кое сепак на крај не им помогна. Јуве стана првак со 95 бода, а Наполи остана на -4. Чекорот го загуби откако загуби од Фиорентина и ремизираше со Наполи.
Како стојат работите, битката во Серија А и оваа сезона ќе се води за излезе во Европа.