На 8 октомври минатата година со неговиот соиграч Александар Кокорин во рани зори пијани претепале неколку случајни минувачи поради што завршија во затвор. И двајцата беа склони кон проблеми подолго време, правеа екцеси ширум Русија, а крвничкото претепување на случајните минувачи беше капка која ја прелеа чашата.
Фудбалскиот сојуз на Русија соопшти дека и Мамаев и Кокорин се исфрлени доживотно од репрезентацијата, нивните клубови Краснодар и Зенит ги раскинаа договорите со нив (двајцата имаа милионски договори), а јавноста во земјата побара максимална казна за идиотските постапки.
Во четвртокот Мамаев во затворот Бутирка играл фудбал со останатите затвореници.
Играле 6 на 6, два пати по 20 минути. Мечот требал да биде рекреација за изгредниците и требал да се организира пред Нова година, но долго време било нејасно како ќе се организира. Мамаев се појавил со маица со своето презиме на грбот и бројот 17. Играл по едно полувреме за двете екипи и дал 7 гола - толку дал вкупно за последните три сезони во руската лига.
Кокорин не играл поради наводни болки во коленото.
„После четири месеци затворен во келија, се радував на ваков натпревар. И го посветувам на сопругата. Не смрзнавме иако сите засипнавме. Му благодарам на ФИСН (Федеративниот поправен дом на Русија) за поддршката“, рекол Мамаев.
Новинарите дознале и дека тој во затвор ја чита книгата „Пролетни води“ од Иван Тургењев.
„Имаме сјаен однос со Мамаев. Во келијава сите сме спортисти. Јас се занимавав со хокеј“, рекол еден од неговите затворски цимери.
Затворот Битурка на времето го биел глас дека е еден од најозглоласните во Москва. Изграден е во 18. век за време на Руското царство во кое таму лежеле претежно Козачки бунтовници и социјалистички револуционери.