Во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се случи најголемата сензација, откако светскиот боксерски првак во ЧЕТИРИ верзии, Ентони Џошуа ги изгуби сите појаси од анонимниот дебелко Енди Руиз.
Спротивно на сите предвидувања и очекувања, Торонто го совлада Голден Стејт 118:109 и „фрли шкорче во бензинот“ на финалето на НБА. Икс-фактор на мечот беше Паскал Сиакам кој сам ги доби Вориорси.
Веќе во целост се вклопил во англиското традиционално секојдневие. Оди во пабови на фиш енд чипс, пие пиво, игра квизови, се забавува со куглање со пензионери, го шета кучето по плажа на Ирското море. Едноставно живее мирен и убав живот.
Кој знае кои мераци им се прават на младите репрезентативци на Аргентина што имаат можност да тренираат со најдобриот. Како тргнала работава, Меси изгледа ќе треба да си оди дома за овие да фатат да тренираат, инаку ова нема крај, стварно ќе настинат во место.
Ако Арсенал синоќа ја освоеше Лигата на Европа, Премиер лигата ќе имаше дури пет претставници во ЛШ, бидејќи таму ќе играат Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и Челси, вака сосема друг ќе се радува или поточно други.
Маргарет Тачер, челичната лејди беше најзаслужна што Британија ги скроти хулиганите кои како кучиња од ланец беа пуштени по Европа каде рушеа сè пред себе. Сега веќе нема такви насилни бараби, ама има кретени кои после пар пива мочаат по европските плоштади и фрлаат стари луѓе во фонтани.
Фиорентина и Џенова во последното коло од Серија А одиграа калкулантско реми од 0:0, се со цел и двете екипи да се спасат. Ама за тоа да се случи, Интер мораше да го совлада Емполи и да го испрати во Серија Б.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.
Тензијата меѓу Гонзало Игуаин и Давид Луис кои се срчнаа на 24 часа пред финалето на ЛЕ е минато. Фудбалерите на Челси ги надминаа недоразбирањата после лактот кој Аргентинецот го попи од Бразилецот, па дури и кажаа дека се сакаат.
Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.
Некој вришти, друг тегне пивце, а Жиру си го ремети претходниот клуб или веројатно му се заблагодарува што го пуштиле во средина каде го освои првиот европски трофеј. Тој што ја одржува атмосферата со микрофон, ако слушаме добро после коментарот на Жиру вели: Сака нов договор.
Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.
Ако некој играч во денешницава е најадекватно да го ставиме во ист кош со Роналдо и Меси, тоа дефинитивно е Азар. Човекот без кој Челси немаше да биде истиот изминативе 7 години и човекот кој сигурно многу ќе им фали на Стемфорд Бриџ.
Во годината кога Роман Абрамович го купува Челси, 2003-та, Маурицио Сари е на почеток на тренерската кариера и со анонимниот клуб Сансовино го освојува Купот на Италија за екипите од Серија Д.
Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.
Младиот фудбалер на Крузеиро, Вевертон (19) бил повикан од селекторот на Бразил Тите да пополни место на тренинзите пред Копа Америка. А малиот без страв „го искина“ Нејмар.
Врвот Еверест е највисоката точка на Земјата (8.848 метри). Да се покори овој гигант е желба на многумина, но многумина и страдаат поради тешките услови за кои треба долга и сериозна подготовка.
Џек Грилиш е главна ѕвезда на Астон Вила поради фактот што таму е од детството и не замина дури ни кога испаднаа од лигата а тој доби богати понуди да замине во некој од англиските великани.
Две реми средби на првите понеделнички дуели за оваа недела во Бизнис лигата на Македонија, како и една службена победа на Еуро Табак над Борис Трајковски.
Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.
Фудбалскиот клуб Валенсија е основан во 1919 година, така што годинава слави 100-ти роденден. Фудбалерите и тренерот Марселињо спремија торта, а навивачите ставија јагодка на шлагот.
После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.