Холандскиот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Мартен Де Рон и неговата претпоставка за тоа дали ќе има некој на аеродром откако ќе се вратат дома со пласман во осминафинале во ЛШ.
Никогаш немаат освоено меѓународен трофеј, никогаш немаат освоено Скудето, никогаш претходно не играле во Лига на шампиони, а од ноќеска се во исто друштво со Реал, Баерн, Барса, Ливерпул и останатата европска елита. Бергамо е град со само 120.000 жители.
Шест натпревари - 18 голови на вечерашните средби од 21 часот во ЛШ. Атлетико Мадрид оствари очекувана победа за осминафинале, Баерн го доби дербито на вечерта против Мурињо, а Црвена Звезда остана без ЛЕ во 88-ма минута, откако претходно утна пенал.
Ќе речат голманот во ракомет е пола тим, ама таа теза држи многу вода и во фудбал, особено во едно натпреварување како Лига на шампиони каде нијанси знаат да одлучуваат. Со Алисон Бекер на голот немаш зима. Дечкото е маестрален и сезонава, а два и пол месеци беше повреден.
Иако реши да игра за земјата во која е роден (Шведска, Стокхолм), 19-годишниот Дејан Кулушевски кој во моментов важи за еден од најдобрите играчи во Серија А и кој е на радар на големите клубови, не заборава на своите корени.
И покрај тоа што играа со комбиниран состав без Меси, Каталонците ја освоија Меаца 1:2 со головите на Карлес Перез и Ансу Фати. Од разврската во другите групи профитираа Лион против Лајпциг кој од 0:2 стигна до 2:2 вредни осминафинале. Таму извиси Бенфика. Валенсија оствари голема победа против Ајакс на гости со што ги елиминираше Тадиќ и другарите.
Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога во Е групата од Лига на шампиони и со сигурни победи против Генк и Салцбург ќе бидат дел од нокаут фазата од ЛШ која стандардно стартува во февруари. Елиф Елмас остана на клупа.
Што се вика уште не почнати, незагреани и се разбира без грешка на терен, бидејќи од мечот Силекс - Академија Пандев беа поминати само 30 секунди, некој веќе само тој знае како и зошто беше инспириран да го украси преносот на МТВ со збор кој ќе го чуете на крајот на видеото.
Ај што имаше 16 поени, 7 асистенции и 4 скока, туку Крис Пол во триумфот на Оклахома Сити над Јута знаеше и да се позафркава со високиот и снажен Французин Руди Гобер.
Штом македонските институции креваат раменици, нека отворат Офф.нет за да дознаат што е муабетот со првото Светско првенство во фудбал кое ќе се игра замислете на Градски. 16 селекции ќе спијат во ист хотел, а зошто Скопје ќе ви каже Саша од Келн кој инаку бил на дербито Вардар – Пелистер.
Заедно беа дел од епските моменти на клубот вкупно 9 сезони во кои освоија 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лига и една ЛШ. Шмајхел си замина во 1999-та за да се проба во Спортинг, а потоа се врати во Англија, прво во Астон Вила, а потоа кариерата ја заврши во Манчестер, ама во Сити, не Јунајтед.
Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.
Данскиот фудбалски прволигаш Виборг се обратил во полиција, откако потпишале договор со 25-годишен Холанѓанец, кој никогаш претходно не играл фудбал и кој ги измамил. Целиот скандал го откриле два дански медиуми кои решиле сериозно да ја истражат целата позадина.
Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.
Луѓето задолжени за профилите на социјалните мрежи на фудбалската асоцијација на Велс (посебно оние на Твитер) продолжија со заебанцијата на сметка на Реал Мадрид. Откако навивачите ја пееа песната „Велс, голф, Мадрид“ посветена на тоа што му е најважно на Герет Бејл, сега и официјалните профили продолжија со спрдњата.
По катастрофалните резултати на екипата, тренерот на Вест Хем Мануел Пелегрини висеше со една нога над бездната од отказ. Го спаси третиот голман кој никогаш не бранел во Премиер лига.
Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ постигна два гола на мечот Бреша - Аталанта 0:3. Првиот е брз шах - мат потег кој може да ви избега од вид ако трепнете. Петица без да гледа, ама кроз нозе.
Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.
Во ера на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, понекогаш и подзабораваме да го држиме фокусот на други играчи. Не играчи, туку играчишта, а ги има многу, што млади, што на оние најзрели години под 30. Кај знае на што ќе личеше Холандија со него?
Што поради близината, што поради одличните настапи на нивниот Динамо, околу 5.000 навивачи на хрватскиот шампион отпатуваа за Милано каде вечерва играат против Аталанта. Тимот од Бергамо во Лига на шампиони игра на „Сан Сиро“, место каде вечерва се судрија хулигански групи.