„Синко, слушај сега, оваа ноќ ќе им ја раскажуваш на внуците, му вели таткото на својот 8 годишен син. Тато 3 саат по полноќ е, утре сум во школо. Добро де, утре ќе рипнеш школо или ќе закасниш. Јас ќе и кажам на мајка ти. Не треба многу објаснување, Аталанта е во осминафинале на ЛШ“.
Вака течел еден од муабетите на аеродром, каде во ниедно време навивачите на Аталанта ги чекаа своите херои. Нема спиење, бидејќи ова што го остварија е историско, епско и неповторливо.
Тимот кој лани беше страв и трепет, кој заврши четврт во Серија А, кој го елиминираше Јуве во Куп и стигна до финале, оваа година дебитираше во Лига на шампиони. Ама какво деби за овој италијански состав е ова. Се пласираа за прв пат и стигнаа до осминафинале.
Пазете го ова, Аталанта по првите 4 кола имаше само 1 бод. Со букви ЕДЕН. И пак успеа да влезе во топ 16. Во претпоследно коло го победи дома Динамо Загреб, а синоќа се врати со луд резултат од 0:3 остварен во Доњецк.
❌ 0-4 @GNKDinamo
— SPORF (@Sporf) December 11, 2019
❌ 1-2 @FCShakhtar
❌ 1-5 @ManCity
🤝 1-1 @ManCity
😳 1 point and bottom of Group C.
✅ 2-0 @GNKDinamo
✅ 3-0 @FCShakhtar
⏫ @Atalanta_BC finish 2nd in Group C.
👏 Through to the @ChampionsLeague last 16 in their debut campaign. pic.twitter.com/pFIUbONTri
Табелата во групата Ц на крај изгледа вака: Манчестер Сити 14, Аталанта 7, Шахтјор 6, Динамо 5. Па на сон не можеа да посакаат повеќе. Синоќа во делириум беше и аеродромот и центарот на градот. Ова се тие незаборавни фудбалски моменти кои ќе се раскажуваат со години.
🎥 Delirio #Atalanta: tifosi in piazza per festeggiare lo storico accesso agli ottavi di #ChampionsLeague pic.twitter.com/HOvJeSsQkT
— Tuttomercatoweb (@TuttoMercatoWeb) December 11, 2019