Камерите во Шпанија ја снимиле реакцијата на Диего Симоне кога Меси изминатиов викенд ги реши на гости со гол во 85-та минута со оние класични продори во кои доби помош од своите при додавањето.
Темпераментниот Симеоне во свој стил ја следеше таа реакција, ама на крај аплаудираше и ги крена рацете во стил: Тоа е, не можеме ништо повеќе од тоа против овој немилосрден човек.
Едноставно ја признава класата на Лионел Меси кој се однесува на терен како да е од друга планета.
А тоа многу добро го знае и го препознава францускиот магазин Франс Фудбал кој синоќа му ја додели рекордната шеста Златна топка на Меси. Роналдо има пет. Му ја врачи Лука Модриќ кој лани ја прекина 10 годишната доминација на двајцава.
На свечената церемонија во Париз, Роналдо пак не дојде, веројатно затоа што е трет, а втората позиција оди кај Вирџил Ван Дајк. Според гласовите во топ 10 по овој редослед влегуваат Мане, Салах, Мбапе, Алисон, Левандовски, Бернандо Силва и марез.
32 годишниот Аргентинец ја доби годинашната награда откако во сезоната 2018/2019 постигна 54 гола и ја освои Ла Лига, а претходно ја освојуваше во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015-та.
Инаку Франс Фудбал ја доделува оваа награда од 1956-та година. До 1995-та беше само за играчи од Европа, а потоа почна да важи за било кој играч кој игра за европски клуб. Од 2007-ма пак е отворена за цел свет.
Листата на 30 номинирани фудбалери ја прави уредништвото на магазинот, а победникот го одредуваат новинари кои гласаат од цел свет, по еден од секоја земја се разбира.
Од 2010-та до 2015-та Франс Фудбал и ФИФА се споија и даваа една награда, но потоа се разделија по што повторно се доделуваат две награди за најдобар играч во светот.
🤝A true gentleman, @lukamodric10. #FairPlay #BallonDor https://t.co/VvcfERd30z
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 2, 2019