На 30 август 2016-та, Ајакс потпиша играч од среден ред од Твенте вреден 11 милиони евра, а тој се обврза на пет годишен договор. Во август пак оваа година потпиша нов договор на три години. На толку милијардерски гладијатори, како ли само успеаа да го задржат?
Прашање е скроз легитимно и ептен на место, затоа што зборуваме за Хаким Зијеш, една од главните алки во играта на Ајакс. Го гледаш вака слаб и исушен, како Ди Марија, ама затоа пратете го колку брзо се движи, како асистира и какви голови дава.
Цело време се мести на таа левицата и не знаеш што ќе изведе. Како Робен да го гледаме. Само за еден месец на Квинси Промес, кој го купија сезонава од Севиља му намести пет гола. И тоа сите на сличен начин. Погледнете ја оваа прецизност и чувство да го најдеш соиграчот.
Hakim Ziyech 🔗 Quincy Promes
— All About Ajax (@AllAboutAjax) November 28, 2019
Name a more iconic duo. We’ll wait.#Ajax #LilAja #Ziyech #Promes pic.twitter.com/a8BRNdMD61
Една од тие асистенции му беше синоќа против Лил за конечни 0:2, а претходно беше и стрелец во 2-ра минута, што е најбрз гол сезонава во Лига на шампиони.
Ајакс сега е лидер со 10 бода, пред Валенсија и Челси кои имаат по 8, а Лил само 1. Во последно коло играат дома со Валенсија, а Зијеш вака размислува:
„Многу добро се познаваме меѓу себе. Дури не треба ниту да зборуваме меѓу себе на терен. На последниот натпревар во група ќе излеземе на терен и ќе победиме. Затоа играме фудбал“.
Ѕирнете му ја статистикава, а уште колку има за играње до мај.
[#Stat📊] Hakim Ziyech🇲🇦 réalise encore une saison de haut vol avec l'Ajax (TCC)
— Footballogue⭐️⭐️ (@Footballogue) November 27, 2019
👕 22 matchs
⚽ 7 buts
🎯 13 passes décisives
MONSTRUEUX ! 🔥 #LOSCAJAX pic.twitter.com/yY9sN2Sitm
Ваков играч не може да нема насекаде фанови, а детево што му се стрча на терен, не го испоштува само со гушка.
That unforgettable moment when you meet your hero ❤️ pic.twitter.com/Rg7s35JmBD
— 433 (@official433) November 27, 2019
Туку и со:
„Тешко ми е да кажам како се чувствувам. Горд сум. Тоа беше дете кое влезе на терен да го види омилениот играч. Му кажав дека ќе му го дадам дресот, го најдов татко му и му го дадов. Почестен сум, изјавил возбудениот Зијеш во микс зоната“.
Опасниот Зијеш вчера даде и втор гол кој му беше поништен со ВАР поради играње со рака. Во следната акција тој мораше да го напушти теренот поради болки во раката, а тоа се случи на десетина минути пред крајот. Штом и домашна публика му аплаудира, тогаш што повеќе да објаснуваме.
Hakim Ziyech ovationné par tout le public Lillois. Le dernier à avoir eu le droit à ça c'est Ronaldinho au Bernabéu. pic.twitter.com/NP1VwTV5Rj
— SOCCER212 (@SCCR212) November 27, 2019
Со вакви маестрални играчи да не знае човек како попрво да заврши, па ајде вака. Прво погледнете го голов што и го даде сезонава на Валенсија, а потоа и на Челси. Доволно беше?
И уште ова за Холандија од воведот. Зијеш е роден таму, играше за младинските селекции, ама во 2015-та го одбра Мароко поради корените.