Шпанските фудбалски клубови обично имаат прекари врз логична основа, но Виљареал има посложен прекар за кој не е нималку лесно да се погоди од каде доаѓа: „Жолта подморница“.
На американските служби моментално им е поважно да бидат еден чекор пред Путин отколку да имаат квалитетни, цврсти и издржани разузнавачки информации, тврдат американски функционери.
Американци се пожалиле дека по средби со вонземјани добиле изгореници од радијација, оштетување на мозокот и нервниот систем, па дури и останале трудни, покажува неодамна објавената масовна база на податоци на Пентагон.
Паралелно со војната во Украина, Западот кај финансиите го отвори единствениот директен фронт против Русија и забрани извоз во земјата, голем корпорации си заминаа, а беа замрзнати околу 60% од девизните резерви на централната банка. Во рок од една недела вредноста на рубљата падна за 30% во однос на доларот, а акциите на руските компании колабираа.
Медлин Олбрајт умре на 84 години. Таа беше пионер империјалист кој пасионирано се залагаше за користење на смртоносна сила во спроведување на глобален поредок пост-Студена војна доминиран од САД - и уби многу, многу луѓе во овој процес.
За нашите злосторства, ако се објават јавно, се наоѓа жртвено јагне додека главните архитекти на колежот обично завршуваат како „угледни државници.“ Историски гледано, оние кои се гонети за воени злосторства (Нирнберг, Либерија, Чад, Србија, Босна), се гонат затоа што ја загубиле војната и затоа што биле противници на Америка.
Истрагата на БиБиСи откри нови докази за коруптивните зделки што го создале богатството на Роман Абрамович, чиј имот од пред неколку дена е замрзнат заедно со Челси. Се работи за два случаи со две нафтени компании. Едната во време на Елцин, другата кога дошол Путин.
Бидејќи не може за секоја голема војна да се убива по еден престоналаследник, се загрева една друга пробана и навежбана опција. Русите можеби ќе прибегнат кон хемиски напад! Затоа тие правеле голема приказна од украинските лаборатории, за утре-задутре да обвинат друг. Почиваш ли мирно, Садаме?
Мноштвото докази и новинарски извештаи потврдуваат дека приказната за био-лаборатории во Украина се руска измислица. Единствена пукнатина во овој бедем доаѓа од извесна Викторија Нуланд (американски државен потсекретар за Украина) за која се уште не е утврдено дали е извор на лажни вести.
Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.
Во најголемиот пад во историјата на компанијата, Мета (новото име на Фејсбук) за еден ден изгуби 26% од вредноста на акциите или некои си 230 милијарди долари. Крахот следуваше откако беше објавено дека во претходниот квартал Фејсбук не ги заработил очекуваните пари.
Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.
Нов скандал го дрма англискиот фудбал: тамошните чиновници во ФА отвориле истрага за чудниот жолт картон на „неименуван“ фудбалер на Арсенал затоа што била регистрирана висока уплата кај букмејкерите за такво нешто.
Процесот на добивање рибино масло почнува со машинско мелење на милиони мали риби клучни за здрави океани и нивниот систем на исхрана. Завршува со пакување по нарачка на твојот најблизок дилер на здрави суплементи.
Големото дерби Ливерпул - Арсенал од англискиот Лига Куп требаше да се игра уште минатата недела, но „црвените“ пријавија голем број позитивни случаи и мечот се одложи. После неколку дена англискиот ФА покрена истрага зошто немало баш конкретни докази дека Ливерпул нема фудбалери. Синоќа конечно го одиграа првиот меч од полуфиналето на ЛК и заврши 0:0. Туку друго ни беше муабетот.
До сега нема докази дека вакцините го намалуваат ширењето на заразата со за сега најбрзата варијанта на ковид-19, пишуваат нобеловецот Монтање и Рубенфелд во текстот за Вол Стрит Журнал.
Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.
Новак Ѓоковиќ беше еден од 26 луѓе кои побарале медицинско изземање од правилата за влез во Австралија и сите тие случаи биле решавани анонимно. Експерт за имиграција вели дека властите сега ќе се соочат со најмалку три незгодни прашања од адвокатите на тенисерот, откако му беше оспорена визата и оневозможено уште еднаш да загосподари на Австралија Опен.
Австралиските власти го сместија Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, во хотел со 46 бегалци, а таму денеска е весело. Срби што живеат во Австралија се собраа да му дадат поддршка на свој празничен начин, а друга група на луѓе протестираа и бараа ослободување на мигрантите.