- Поранешниот генерален секретар на РФМ, Марјан Начевски ја доби правната битка пред Арбитражниот суд на ЕХФ во Виена, кој процени дека нема доволно докази за да биде осуден.
- Одлуките на Првостепената дисциплинска комисија на РФМ и на Комисијата за жалби при РФМ се прогласуваат за ништовни.
- Начевски во мај 2021 беше исклучен од РФМ по пријава на Мирјета Бајрамоска, член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка. „Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап, на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација, пишуваше во соопштението на РФМ.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.