Во таа склеротична партија веќе нема место за слободномислечки луѓе, пишува Брендан О’Нил за одлуката на Тулси Габард да ја напушти нејзината матична партија. Таа долго ѝ бодеше очи на бањатата елита со богохулења од типот - во женски спортови треба да учествуваат само жени. Ма, свашта! Ја имаме Тулси и на подкаст кај Роган.
Откако под лупа на јавноста дојде чудната блискост и директните контакти меѓу главниот човек на Фајзер и Урсула фон дер Лејен од ЕК (пред да биде потпишан милијарди долари вредниот договор за вакцини за ЕУ), шефот на Фајзер/Бионтек реши да се повлече од закажаното сведочење пред ковид панел на Европскиот парламент.
Добра приказна за тоа како американските власти притискаа социјални платформи да цензурираат содржини и да елиминираат луѓе од нив. За рајата да добие претстава дека постои „научен консензус“ околу карантините, вакцините или маските, беше потребно од радарот на јавноста да ги снема научниците кои мислат поинаку. Чиста работа.
Легендата на светскиот фудбал, 10-ка каква веќе нема во модерниот фудбал, некое време е на насловните страни во многу медиуми од нефудбалски причини. Сите пишуваат детали за неговиот растурен брак со познатата тв ѕвезда Илари Блази со која имаат три деца.
Имаше период кога добронамерните Западњаци мислеа дека „кинескиот Горбачов“ е највисокиот комплимент што може да му го дадат на кинески лидер кој наликуваше на реформатор. И така беше некаде до средината на 1990.
Украинскиот боксер Александар Усик и по втор пат го суреди доскорешниот голем шампион од Британија Ентони Џошуа и ги одбрани титулите светски правк во тешка категорија во верзиите WBA, IBF и WBO. Сега сака нов предизвик. Борба со „кралот на Циганите“ кој постави услов.
Култниот НБА центар кој има 50 години и кој ужива во разни земји, а летово беше и на хрватското приморје каде во друштво со Лука Дончиќ и Горан Драгиќ пушташе музика во улога на ди-џеј, ја разгоре дискусијата за тоа дали Земјата е рамна.
Се појавија нови докази дека официјални лица од Белата куќа приватно побарале од вработени на Твитер да го цензурираат и забранат новинарот Алекс Беренсон, пишува Вол стрит журнал.
ФБИ подобро да има нешто „разорувачко“ за Трамп, бидејќи во спротивно само што бевме сведоци на еден од најглупите потези во историјата на политиката, пишува Мат Таиби.
На 31 јули во разговор со Марка, тренерот на Реал Мадрид интересно го опишал ѕвезденото трио од среден ред на „кралевите“: „Они се класика во комбинација со рокенрол и мене ми се допаѓа тоа. Јас ги викам Крос, Каземиро и Модриќ Бермудски триаголник зошто таму исчезнува топката“.
Вол стрит журнал тврди дека дошле до руски војник кој возел еден од шлеперите паркирани пред пристаништето во Севастопол во кое на руски брод се товари украинско жито.
Ердоган изминатиов месец имаше мастерклас по дипломатско балансирање. Го спречи приемот на Шведска и Финска во НАТО за да ќари од скандинавското проширување: ем ветување од Шведска и Финска околу Сирија и Курдите, ем притисок врз Бајден да му продаде нови Ф-16ки и надградба за постојните авиони што ги има.
Една од неочекуваните последици од нафтениот зорт што настана од војната во Украина е што би можело да се открие дека најголемите производители на нафта од ОПЕК всушност ги немаат капацитети за производство на нафта на кои целиот свет се надеваше а тие ги промовира.
ФИФА отворила истрага, има докази за лажирање документи, на ред е Еквадор да каже што има пред конечната одлука. А Еквадорците треба да го отворат Мундијалот со домаќинот Катар.
Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.
Људмила Денисова, жената позната по тврдења од типот „во Буча Русите силуваа 11-годишно момче пред очите на својата мајка која беше врзана за стол и присилена да гледа“ е сменета од украинскиот парламент затоа што нејзините изјави се неосновани и повеќе и штетат на кредибилноста на Украина отколку што и помагаат.
После оваа вест, уште поќеиф ни е што отсекогаш сме ги сметале за буљаши и фејкери, без разлика на русија-мусија. Кленовите го смениле текстот на единствената песна која луѓе им ја знаат затоа што не сакале „да ја романтизираат Русија“.
- Кај се, што не доаѓаат? - со векови се прашуваат луѓе во недостаток на недвосмислени докази дека нашата планета е, или била посетена од вонземјани. Една нова хипотеза дава можен одговор кој не е баш охрабрувачки.