Искрена исповед на Франческо Тоти: „Скршен сум, ме држат моите романисти“

Легендата на светскиот фудбал, 10-ка каква веќе нема во модерниот фудбал, некое време е на насловните страни во многу медиуми од нефудбалски причини. Сите пишуваат детали за неговиот растурен брак со познатата тв ѕвезда Илари Блази со која имаат три деца.

Во разговор со Алдо Каѕуло за Кориере дела Сера, Франческо Тоти отвара душа и раскажува поединости кои довеле до тоа да падне во депресија и да не спие со ноќи.

Италијанскиот жолт печат долго време роварел околу разводот на Тоти и Блази. На Франческо му дошло преку глава да слуша и чита шпекулации и лаги па решил да пресече.

Франческо Тоти, знаете ли која е најкликана дебата на Интернет во 2022, повеќе од Ковид, од војната, од кралицата...

„Да, чекај... Оваа приказна (за измамата на Илари Блази со други лица) за мене не е трач. Оваа приказна за мене е крв и месо. За мојот живот се работи. Има три лица кои ги сакам повеќе од себеси: моите деца, кои сакам да ги заштитам на секаков начин. И една љубов која траеше дваесет години. Се сум очекувал, ама дека вака ќе заврши“.

Останува фактот дека сите зборуваат за тоа.

„Сите, освен јас. Не сум кажал уште ни збор. Реков дека нема да зборувам и не зборував. Но прочитав многу глупости, премногу будалаштини. Некои од нив ги погодија и моите деца. И сега е доста“.

Какви глупости?

Секакви, во прв ред една: дека само и само јас сум крив за растурениот брак. Дека бракот е растурен поради тоа што јас сум мамел“.

А не е така?

„Овој пат сакам да разјаснам: не бев јас тој кој прв измами. И тука замолкнувам. Што и да ми реплицираат, ќе молчам. Зошто мојот приоритет е да ги заштитам моите деца“.

Вие и Илари сте главна тема на годината зошто бевте прекрасни. Изгледаше како бајка! Најсаканиот фудбал и телевизиска ѕвезда.

„Бајки не постојат. Имавме подеми и падови како и секој пар. После нешто се скрши“.

Кога?

„Правата криза избувна меѓу март и април минатата година. А јас уште од поодамна патам“.

Зошто?

„Сè започна во 2016-та. Мојата претпоследна сезона како фудбалер. Да се прекине не е лесно. Е како да умира дел од тебе“.

Ама имавте повеќе од четириесет години.

„Да, ама играв во Серија А од свои 17. И некои работи ти недостигаат. Адреналинот, напорот. Кажав и претходно, во обраќање на опростувањето на стадионот: „Се плашам, бидете близу мене“. И романистите никогаш не ме оставија сам“.

На терен остававте неверојатна слика. „Ќе шутирам кукијајо“ (Паненка од пенал на Тоти против Холандија, новинарот се присеќа на тој момент кога Франческо собра неверојатна храброст среде решавачки пенал во големо полуфинале на Европско да проба Паненка).

„Зошто знаев дека во тоа полуфинале на Европско дека голманот на Холандија ќе се фрли на десно или на лево и ако шутирам лопче ќе дадам гол. А пенал на кој со најголемо задоволство се сеќавам е оној од Светското со Австралија“.

Бев таму. Кајзерслаутерн, 26 јуни 2006-та. Последна минута. Игравме со играч помалку, ако го промашевте пеналот немаше да освоиме Светско после.

„Беше и Илари. Постигнав гол и ја поздравив неа во преносот пред камерите. Ова беше единствен меч кој дојде да го гледа во Германија пред финалето“.

Вие ставивте прст во уста како бебе.

„Како Кристијан, нашето првороденче. Имаше осум месеци. Многу се грижев за нив. За мојата фамилија, за Италија и за Липи. Кога ми скршија нога претходно, кога се разбудив од анестезија го видов него (Марчело Липи, поранешниот италијански селектор) во клиниката. Дојде да ми каже: „Франческо, те чекам и те носам на Светско“.

Кога се каравте со еден друг тренер, Спалети, Илари интервенираше во ваша одбрана и го нарече Лучано „мал човек“.

„Сè направи сама. Сакаше да ме заштити, имаше една речиси мајчинска реакција. Од фудбал не се разбирала никогаш многу“.

После завршивте со фудбалот.

„И после ја напуштив и екипата на Рома, па во клубот почнав да работам како директор. Раскинот со старата управа беше трауматична. Како да мора да го напуштиш својот дом. Скршен бев, ми фалеше работа а Илари не сфати колку голема болка имав. После дојде 12 октомври 2020-та“.

Што се случи на тој 12 октомври 2022-ра?

 

„Почина татко ми. Од ковид. А јас го видов за последен пат на 26-ти август. Знаев дека му е многу лошо а не можев да го посетам. Татко ми за мене беше тука секогаш, не пропушти ниедно гостување. Мене никогаш не ми делеше комплименти, ама пред другите беше горд: Франческо е број еден, викаше. После и јас фатив ковид и тоа во страшна форма: 25 дена затворен дома, завршив и во болница. Страшен период беше за мене.

За среќа тука беа децата. Конечно можев да поминам повеќе време со Кристијан, Шанел и Изабел. Жена ми пак, кога најмногу имав потреба од неа, не беше тука. Во пролетта 2021-ва влеговме во дефинитивна криза. Лани беше најтешко. Немаше веќе разговор, немаше веќе ништо (со Илари).

А вие, Тоти, не ги признавате своите грешки?

„Секако дека ги признавам. Кога пука, пука кај двајцата: 50/50. Морав да бидам повеќе време со неа, на само. А јас напротив, викендите ги организирав со другарите. Беше и Илари, ама требаше да ја однесам на вечера, да и посветам повеќе внимание“.

Вие Тоти сте имале приказна со Ноеми Боки (новата партнерка на Франческо).

„Не е така.“

Дагоспиа објави фотографија во која вие на 4 декември 2021 седите блиску еден до друг на стадион.

„Ноеми не беше на стадион со мене. Дојдовме со различни автомобили, имавме различни места. Па зар ви се чини дека љубовницата би ја донел на Олимпико? А не во поинтимен амбиент? Како и да е, точно е дека ја познавав од претходно. И се дружевме како пријатели, со пријатели од падел. Нашата приказна почна после Нова година. И се разви во март 2022. Повторувам: Не бев јас тој што прв измамил.“

Што се случи?

„Во септември минатата година почаа да ми пристигнуваат гласини: пази на Илари има друг. Дури и повеќе од еден“.

И вие поверувавте?

„Ми изгледаше невозможно. А после најдов пораки“.

И го шпиониравте телефонот на жена ви?

„Никогаш во дваесет години ниту таа мене ниту јас неа не сум и го пипнал телефонот. Но кога ми стигнаа тие предупредувања од разни лица во кои имам доверба, почнав да сомневам. И го погледнав телефонот. И видов дека има трето лице кое беше врска меѓу Илари и некој друг.“

Кога се случи ова?

„Јас открив на есен, а пораките беа претходно“.

Кое е третото лице?

„Алесија, фризерката на Илари, нејзина пријателка“.

А другиот?

„Не сакам да откривам име. Е еден тотално поразличен лик од мене, кој припаѓа на свет многу оддалечен од мојот, и за среќа. Шок беше за мене. Не само што Илари имала друг, туку дека имала интерес за таков тип. А ете имала.“

Што пишуваше во пораките?

„Немаше нешто од типот: ќе се видиме во хотел, повнимателна е од мене“.

И како реагиравте вие?

„Чував сè во себе. Не кажав никому, ниту на Вито Скала, пријателот во кој имам најголема доверба уште од свои единаесет години. Не сум од оние кои затвораат едно око, но сакав да се правам дека ништо нема. Баталив на страна се за да не ја погодам фамилијата, за да ги заштитам децата. Патев како куче! Таа (Илари) ми викаше: оваа година ќе останам повеќе во Милано, помалку ќе се враќам во Рим. И си мислев, да да, ти верувам, имаш друг... Но се надевав дека уште не е вистина“.

Тоти, сите парови се изложени на искушенија, во најголем случај  парови како вашиот. И се случило на Илари. Ви се случило и на вас. Не ли изгледате како класичен италијански маж кој ја ужива својата слобода ама збеснува кога ја открива онаа на жената?

„Имало гласини во минатото. И за неа и за мене. Ама биле само гласини. Сега има докази. Факти. И тоа ме фрли во депресија. Не можам да спијам повеќе. Се правев дека ништо не е ама веќе јас не бев јас, бев друг човек. Излегов благодарение на Ноеми (новата партнерка на Тоти).

Знаете што мислат сите? Дека Ноеми многу потсеќа на Илари од пред неколку години.

„Јас не мислам така. Напротив, Ноеми е спротивна на Илари, и како карактер. Ама не сакам да правам споредби“.

Кога започна вашата врска?

„Прво се дружевме како пријатели. После Нова година почна приказната. Кога на 22 февруари Дагоспиа ја објави таа фотографија од стадионот, сликана во декември, Илари бараше објаснувањ“.

И вие?

„Негирав. На почеток не и ја кажав вистината, ниту неа ниту на децата, зошто уште се надевав дека може да спасиме се. Но во тој момент решив да се ослободам и ја прашав Илари за тој друг човек. И таа првин негираше. Викаше дека никогаш не го сретнала. После сфати дека знам и ми раскажа дека со тој тип се видела само на кафе. Се расправавме сите тројца зошто дојде и Алесиа и двете негираа. Во реалност знам дека се знаат уште од март 2021. И дека се гледала со него и со други мажи преблизу. Пред јас да ја започнам сторијата со Наоми“.

Со Илари пред некое време ве фотографирале во ресторан како да се уште пар. Пробавте да го спасите бракот?

„Нешто пробавме, ама не до крај. Никој не сакаше да се потруди повеќе. Да кажеме дека не беше некој голем успешен обид. Јас знаев што направила, иако не кажав ништо за да не ја нарушам нејзината слика, уште помалку додека учествуваше на Островот на познатите. Бракот во реалност веќе беше готов“.

Објавивте крај со две различни сооштенија.

„Сакав да потпишеме заедничко соопштение, потпишано од двајцата, да кажеме дека сме пробале да ги надминеме тешкотиите но не успеавме. Илари не сакаше. Излезе на телевизија и негираше, зборуваше дека се е во ред и не можев да го преџвакам тоа. Затоа напишав соопшение за да негирам дка таа направила нешто да го спаси односот а јас не“.

И отидовте по свои адвокати. Таа со Анамарија Бернардини Де Паче а вие со легендарниот адвокат Антонио Конте.

„Понудив договор. Не сакав да завршиме на суд. И предложив вака: да мислиме прво на децата, да ги осавиме дома нив а ние ќе се менуваме, секој да доаѓа по три дена. Не сакав да ги гледам децата со ранче во рака меѓу Еур и Рим Север. Но Илари кажа не. Тогаш и предложив да ја поделиме куќата и онака е голема. Или да земеме една цела за неа. Ништо не сакаше. Сакала само да остане дома сама. После не збоувавме зошто отиде со сестра и во Танзанија. Одмор платен од мене“.

Зарем?

„И не само тоа. Со татко и отиде да ги отвора сефовите и ми ја однела цела колекција часовници. Не ги оставила ниту гарантните листови, ниту ремените“.

Часовници?

„Имаше Ролекси од огромна вредност. Вика дека јас сум и ги подарил, а машки часовници се... Одбивам да помислам дека и е до пари. Од инает го прави“.

А вие што направивте?

„Што требаше да направам? И ги сокрив торбите со надеж дека ќе се смениме (се смее во текот на интервјуто). Но не испадна така. И не е готово“.

Што друго има?

„Пратила приватен детектив да ме следи. Блиски лица до неа ми ставаа џпс уреди во кола за да следат каде одам. А доволно беше само да ме праша. Други пак се криеа кај Ноеми пред зграда“.

Како се децата?

„Ги обожувам и ме обожуваат. Минатиот месец ги носев сите тројца во Сабаудиа. Кристијан игра фудбал: крило е. Има голема страст, оди нон стоп натаму наваму на тренинзи во Рома. Со девојките се топам. Шанел е веќе адолесцент, не е лесна возраст, не би сакал да пати. Беа навикнати уште од мали да ги гледаат мама и тато посебно: и двајцата бевме ептен зафатени со работа а и фудбалерите немаат слободен викенд... Изабел е уште малечка, но мислам дека веќе знае се разбира. Зошто еднаш се случи Илари да ми ја земе од кај мене“.

Што се случи?

„Дговорот беше: јули со мајка им, август со мене. После Илари се загрижила дека на Изабел многу и фали мајка и но јас ја смирував. На Изабел и беше прекрасно и секој ден имаше видео-повик со мајка и. Дојде во Сабаудиа и ја зема на брод во Хрватска“.

Мајка ви Фиорела што вика?

„Ништо, страда во тишина“.

И сега што ќе се случи?

„Не знам. Се плашам дека со Илари ќе завршиме на суд. Се надевам дека уште може да се најде некој договор и да се заврши оваа приказна тука. Сигурно е едно, јас сега ќе молчам. Не знам дали ме разбравте, ама ова попладне ме чинеше шест месеци живот. Попрво би дал илјадници интервјуа да зборувам за фудбал и за Рома која засекогаш ќе ја носам во срцето“...

Кориере Дела Сера 

13 септември 2022 - 11:24