Ете има и такво нешто: Поради лажен извод од матично, Чиле сака да го исфрли Еквадор од Светско

ФИФА отворила истрага, има докази за лажирање документи, на ред е Еквадор да каже што има пред конечната одлука. А Еквадорците треба да го отворат Мундијалот со домаќинот Катар.

Фудбалската федерација на Чиле пред повеќе од еден месец ја пријавила фудбалската федерација на Еквадор во ФИФА поради тоа што за нив играл колумбиски фудбалер кој немал право за настап.

Чилеанците кај ФИФА пријавиле дека за Еквадор во квалификации за Светско 2022 настапил Бајрон Кастиљо кој немал право на настап и поради тоа бараат Еквадорците да бидат исклучени од Мундијалот.

Еквадор се пласираше директно на Светско како четврто пласиран во јужно-американските квалификации.

Правникот Едуардо Карлезо кој ја претставува Фудбалската федерација на Чиле вели дека доказал дека Бајрон Кастиљо имал незаконски документ од извод на книга на родени.

Карлезо ја обвинил еквадорската страна за лажирање документи и тврди дека играчот не е роден во Еквадор на 10 ноември 1998 година како што стоело во официјалните документи и доставил доказ дека во документот нема неопходен отпечаток од палец.

„Родителите на Кастиљо се венчани во колумбискиот град Тумако, Бајрон е роден во Тумако, крстен е во Тумако. Суштината е во тоа што јасно и транспарентно ги претставивме сите аргументи кои ги имаме и документите кои се кај нас. Оној кој зборува вистина нема од што да се плаши“, рекол адвокатот.

КАКО ПОЧНАЛА ЦЕЛА ДЕТЕКТИВСКА ИСТОРИЈА?

Чилеанците изјавиле дека Кастиљо на крај незаконски добил државјанство на Еквадор а тој е Колумбиец. Тие ги доставиле сите документи до ФИФА меѓу другото и извод од книга на родени на Кастиљо во кој стои и дека е роден во Колумбија.

Од оригиналните документи се гледа и дека фудбалерот е три години постар од она што го кажува Еквадор (официјално Кастиљо има 23 години).

Фудбалската федерација на Чиле побарала од ФИФА да ги смета за порази со службен резултат сите осум натпревари на Еквадор на кои настапил фудбалерот на Барселона од Гвајакил.

Правникот Едуардо Карлезо наводно доставувал докази и дека постоел извод од матична книга на родени на друго лице со исто име и презиме роден во 1995-та чии родители имале исти имиња и презимиња како и Кастиљо.

ЕКВАДОР НЕГИРА СÈ, ФИФА ОТВОРИ ИСТРАГА И СОМНЕВА ВО ЛАЖИРАЊЕ ДОКУМЕНТИ

Обвинението е сериозно поткрепено со документи.

Еквадор одговорил дека ова се лажни гласини. „Категорично ги одбиваме сите тие оиди на оние кои сакаат да не лишат од правото на настап на Светско првенство во Катар. Ние законски се изборивме за тоа на терен“.

ФИФА ги разгледала сите документи и отворила дисциплинска постапка „во однос на можно нарушување на правилата за натпреварување од Бајрон Кастиљо“. Еквадор сега треба да даде одговори на заседанието на Дисциплинскиот комитет на ФИФА а исто се викнати и претставници на Чиле и Перу кои претендираат на места на Светско првенство наместо Еквадор.

Сомнежи за државјанството на фудбалерот имало и во Еквадор одамна. Таму наводно во последните неколку години повеќе од 70 млади фудбалери биле суспендирани и казнаети поради кршење правила при регистрација. А под истрага биле стотина други играчи.

„Мислам дека нема никаков проблем. Мислам он е добар играч. Но ако повикот за репрезентација зависел од мене јас не би го викал. Не би ризикувал се што ние правиме и не би го презел тој ризик на себе“, рекол поодамна првиот човек на фудбалската федерација на Еквадор Карлес Виљасис.

После оваа изјава на Виљасис, еквадорскиот суд потврдил дека еквадорскиот извод од книга на родени е во ред и Кастиљо може да игра за репрезентација. И наскоро тој го добил првиот повик да заигра за Еквадор.

ШТО ЌЕ БИДЕ СО МЕСТАТА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО АКО СЕ ДОКАЖЕ КРШЕЊЕ ПРАВИЛА?

Репрезентацијата на Еквадор освои 26 бода и заврши на четврто место во квалификациите за Светско првенство. Чиле заврши со 19 бода на седмо место. Еквадорците веќе се на Мундијал во група А и ги знаат противниците. Тие треба да го отворат Мундијалот со домаќинот Катар, натпревар планиран за првиот ден на Светското.

Но ако ФИФА утврди нарушување на правилата во документите на Кастиљо, Еквадор би можел да добие технички, службени порази на сите натпревари на кои играл Кастиљо и да им се одземат по три бода. Во тој случај Чиле би бил четврт со 24 бода, Перу петти со 24 бода, Колумбија шеста со 23 бода а Еквадор би паднал на последно место со само 12 бода. Еквадорците со Бајрон Кастиљо во тим освоиле 14 бода.

Останува да се види што ќе одлучи ФИФА.

9 јуни 2022 - 10:20