Карло Анчелоти ги нарече Крос-Каземиро-Модриќ Бермудски триаголник, што точно е тајната на тоа место?

На 31 јули во разговор со Марка, тренерот на Реал Мадрид интересно го опишал ѕвезденото трио од среден ред на „кралевите“: „Они се класика во комбинација со рокенрол и мене ми се допаѓа тоа. Јас ги викам Крос, Каземиро и Модриќ Бермудски триаголник зошто таму исчезнува топката“.

Споредбата на Карло Анчелоти е интересна и нетипична. Обично фудбалерите се споредуваат со некои вистински ѕвезди (нов Пеле, новиот Марадона, индиски Меси, норвешки Роналдо итн.) или се прават паралели како Нејмар фудбалски Џастин Бибер и слично.

Но ако во Бермудскиот триаголник на Реал Мадрид исчезнува топката, што исчезнува во правиот, вистински Бермудски триаголник. Изјавата на Анчелоти е прав повод да се раскаже за овој интересен, научен феномен од минатиот век, магнет за теоретичари на заговор.

КАДЕ СЕ НАОЃА БЕРМУДСКИ ТРИАГНОЛНИК?

Називот Бермудски триаголник прв го користел американскиот писател Винсент Гедис во магазинот Argosy во 1964 година за да ги опише областите надвор од брегот на Флорида.

Загадочниот мистериозен триаголник е реон во Атлантски океан и е составен од Мајами, Бермудски острови и Сан Хуан (Порторико). Вкупната површина наводно му била 700.000 квадратни метри.

Дури и геологијата наведува понекогаш на верување во мистицизам. И покрај малата површина (0,6% од Атлантски океан), во Бермудскиот триаголник наводно постои цела серија релјефни облици: маргинални и средни висорамнини, плитки брегови, длабок теснец како и длабока дупка (длабочина од 8.742 метри, најдлабока точка во Атлантскиот океан).

Истото може да се каже и за флората и фауната на Бермуд: таму има единствен екосистем кој постои поради изолацијата на островите од копното на Северна Америка. Постојат 360 различни видови птици и 1.100 разни инсекти.

МИСТИЧЕН ОБЛИК НА ТРИАГОЛНИКОТ МУ ДАЛ ЕКИПАЖОТ НА ХРИСТОФОР КОЛУМБУ, А ВРВОТ НА ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР БИЛ ВО СРЕДИНАТА НА ХХ ВЕК

Феноменот на Бермудски триаголник бил прав хит на конспирологија во ХХ век иако чудни исчезнувања во тој триаголник имало порано. Еден од творците на мистичната слика на Бермудскиот триаголник е екипажот на Христофор Колумбо. Неговите морелопловци пишувале во дневници за мистерозни алги, за вжарена вода и за тоа како компасот „скренувал од памет“.

Теориите на заговор ги засилиле и неколку мистериозни случаи од крајот на XIX век:

1872. година. Бродот „Марија Селеста“ без екипаж го нашле на брег во Португалија. Бродот изгледал како да е спремен за пловидба, но од некоја причина посадата го напуштиле. Залихите и товарот храна биле уредно на свое место, а исчезнувањето на луѓето во тоа време е припишано на рутата која поминувала низ Бермудски триаголник.

1881. година. Бродот „Елен Остин“ пловел од Лондон во Њујорк кога посадата забележила едрилица без посада како плови по Бермудски триаголник.

1918. година. Американски танкер „Циклоп“ исчезнал во Бермудски триаголник на пат кон Бразил од САД. Наводно 309 членови на екипажот и илјадници тони руда манган пропаднале. Овој транспортен брод после тргнување на пат никогаш никаде не го виделе.

Најпознатиот случај за кој дознал светот било исчезнување на пет бомбардери-торпедоносци од класата „Авенџер“ на 5 декември 1945 година. Тие полетале од базата на американските поморски сили во Форт Лодердејл и никогаш не се вратиле. Остатоци од авионите никогаш не се пронајдени.

Исчезнал и хидроавионот PBM „Мартин Маринер“ кој бил пратен во потрага по бомбардерите. 

Официјалната верзија на инцидентот е човечки фактор: наводно водачот на групата, поручникот Тејлор не ја познавал добро областа, направил грешка со навигација и интуитивно ја водел врската. Истрагата докажала дека групата се изгубила, го потрошила горивото и паднала во океанот. Но верзијата не објаснува зошто ниту еден авион не контактирал преку радио-врските.

Исчезнувањето на спасувачкиот пловечки авион „Мартин Маринер“ се припишува на експлозија.

Подоцна формулацијата на американската морнарица дека капетан Тејлор бил одговорен за инцидентот, под притисок на неговата мајка која верувала дека истрагата нема доволно докази за да го обвини нејзиниот син, била земената со „непознати причини“. Ова звучело како неверојатен магнет за уфолозите, јасновидците и разните теоретичари на заговор.

Но да се вратиме во реалноста, која има објаснување за „најтаинствената мистерија на воздухопловството од ХХ век“.

Навигацискиот состав бил слаб: тројца навигатори биле кадети и поминале само почетна обука, а уште еден бил водник. Некои извори тврдат дека се спремал да положи квалификациски испит за навигатор на поморска авијација.

Прашања за квалификациите имало и за начелник Тејлор. Додека служел во Тихи Океан за време на Втора Светска војна, тој два пати итно слетал авиони на вода зошто во целост го потрошил горивото до последна капка.

Во 2020-та година австралискиот научник Шејн Сатерли, откако ги собрал сите достапни податоци за инцидентот, заклучил дека причина за инцидентот биле погрешни постапки на екипажот. Главна грешка наводно била што не се движеле по инструменти, туку по она што ќе се случува на бродот откако ќе се стемни и времето ќе се промени.

Според извештајот кој во 2013-та година го подготвил Светскиот фонд за природа, најмногу во светот големи инциденти со бродови се случуваат во Јужно-Кинеското море, а бродови потонуваат и во Средоземното и Северното море. Покрај тоа, бродски несрежи има и во Источниот Медитеран, во близина на Панамскиот канал, во Црното море и близу Британските острови.

9 август 2022 - 13:54