Шекил О’Нил, во подкастот "The Kyle & Jackie O Show" вели дека има силна тенденција да верува во теоријата на заговор за рамна Земја. Тој се обидел да докаже и преку докази.
„Тоа е само теорија, да само теорија, многу нешта не учат. Ова е само теорија. Денес летав 20 часа со авион од САД до Австралија. Не се превртев, ниту летав наопаку. Велат дека Земјата се врти. Живеев на езеро 30 години и никогаш не видов езерото да се поместува лево или десно“, вели Шек.
Кога еден од двајцата водители Кајл Сандиленд и Џеки Хендерсон му посочи дека од САД до Австралија може да стигне и од брегот, Шек вели: „И тоа е рамна насока исто“.
Водителите Кајл Сандиленд и Џеки Хендерсон и гледачите никако не можат да се согласат и да проценат дали Шекил е сериозен или само игра мајтап со жестоките дискусии на темата.
Не може да се знае со сигурност затоа што во 2017-та на темата рекол:
„Вистина е. Земјата е рамна. Слушнете, има три начини да се манипулира со умот: што читате, што гледате и што слушате. Во школо, прва работа која не учеа беше: Колумбо ја открил Америка. Но како стигнал таму, дали некои светли луѓе со долга коса пушеле луле. Што ви говори тоа? Колумбо не ја открил Америка... Стално се возам од Флорида до Калифорнија и мене тоа ми е рамно. Не одам горе-долу под агол од 360 степени и сите тие нешта за гравитација... Дали во последно време сте гледале надвор од Атланта и сте ги виделе сите оние згради?
Сакате да ми кажете дека Кина е под нас? Кина е под нас? Не. Земјата е рамна“, рекол Шек тогаш во интервју со Џон Кинкејд.
Шекил тогаш ги оспорувал сателитските снимки за округлата Земја и тврдел дека се „нацртани и измислени“.
О’Нил не е прв познат лик од НБА кој шпекулира со теории на заговор. Кајри Ирвинг одеше и подалеку со контроверзни ставови, а за тоа дека земјата е рамна зборувале и Вилсон Чендлер и Драјмонд Грин.