„Камионот го паркираш пред пристаништето.
Друг возач го презема и го внесува.
Го товариш на брод.
Крај,“ ја раскажува војникот процедурата.
Обвинувањето е дека три товарни руски бродови, за кои и американскиот Стејт департман им пишува на своите сојузници, товарат украинско жито и потоа истото го испорачуваат во држави сојузници на Русија, на пример Сирија.
Русија моментално ги празни украинските силоси од жито кое во мирно време обично веќе е извезени низ светот. Годишниот извоз на жито од Украина изнесува до 70 милиони тони.
Главната рута за која зборува Вол стрит журнал почнува во југоисточна Украина, во градот Камјанка-Днепровска, каде се наоѓа едно до најголемите складишта за жито во регионот. Има докази дека овие залихи се празнат уште од почетокот на мај.
Од таму житото товарено на десетици камиони, за еден ден стигнува до Севастопол, каде се товари на бродовите.
Според огласи до кои доаѓа ВСЖ, платата на камионџиите е околу 30 долари по тон, а еден камион, во зависност дали е со приколка или не, може да товари меѓу 10 и 50 тони жито. Работата на овие возачи е да го донесат камионот до пред портите на пристаништето во Севастопол.