Тајсон Фјури бара 500 милиони фунти за да се врати и да се бори со Усик

Украинскиот боксер Александар Усик и по втор пат го суреди доскорешниот голем шампион од Британија Ентони Џошуа и ги одбрани титулите светски правк во тешка категорија во верзиите WBA, IBF и WBO. Сега сака нов предизвик. Борба со „кралот на Циганите“ кој постави услов.

Веднаш после борбата меѓу Усик и Ентони Џошуа, Тајсон Фјури, светскиот шампион во WBC верзија, објави видео на кое кажа:

„Ќе бидам искрен со вас дечки, откако го изгледав ова... Двајцата боксери беа очајни. Ова беше една од најлошите борби за шампион во тешка категорија кои некогаш сум ги гледал! Срање! Би ги претепал и двајцата во иста ебена вечер... Извадите чековни книшки зошто „Кралот“ е тука да остане засекогаш!“, изјави Фјури кој во април го разби Дионтеј Вајлдер и најави заминување во пензија.

Ама Усик веднаш по триумфот над Џошуа имаше порака до Фјури:

ШТО ЌЕ ГО ВРАТИ ТАЈСОН ФЈУРИ НАЗАД ВО РИНГОТ?

Сигурно дека е потребно многу повеќе од едно видео од Усик на кое го предизвикува. Усик - Фјури би била една од најјаките борби во последните пет години. После евентуална нивна битка веќе нема да има појаси за кои некој би се грабал.

„Кралот на циганите“ е во идеална позиција, затоа што топката е во негов двор и тој одлучува што ќе прави.

„Здраво дечки, овде Тајсон Фјури ака кралот на Циганите. За сите оние кои се обидуваат да организираат борба, ви давам седум дена, до 1 септември да соберете пари. Ако не, тогаш ви благодарам многу, беше врвно, но јас сум во пензија. Сите понуди пратете му ги на мојот адвокат Роберт Дејвис со пишани докази дека средствата се обезбедени и: нека почне играта!“, кажа Фјури.

„Ако ги сакате појасите назад, пуштете го циганскиот варварин од Англија внатре, ајде. Пратете ме. Ќе го ослободам украинскиот клошар од неговите појаси како што го ослободив последниот украински клошар (мисли на Кличко кого Фјури го доби пред неколку години). Но нема да биде евтино. Ако го сакате најдоброто, тогаш треба да платите. Ќе биде многу скапо, така што извадете ги чековите надвор и ќе го решам тој украински кошар од појасите“. 

Украинецот Александар Усик има 20 победи на 20 борби, а Тајсон Фјури на 33 борби оствари 32 победи и една нерешена против Американецот Дионтеј Вајлдер. 

Останува отворено прашањето дали некоја менаџерска агенција ќе се нафати да го организира овој мега спектакл за кој многумина веќе се огласија дека и тоа како се спремни да дадат 50 долари за Pay-per-view.

Евентуалната борба, пишува Дејли Мејл, би се одржала на 17 декември во Саудиска Арабија и тоа ноќта пред големото финале на Светско првенство во Катар. Тајсон Фјури најголемата заработка од еден меч ја имаше за борбата со Дилијан Вајт на 23 април годинава кога победи на стадионот „Вембли“ во Лондон.

26 август 2022 - 11:40