Вечерва започнува групната фаза на јубилејното 65. издание на Лигата на шампионите (28. во актуелната формула), турнир кој со квалификации започна на 25 јуни и кој одново носи енорнма заработка за сите учесници.
После 5 одиграни кола во Премиер, клубот кој потроши пари на трансфери на ниво на Реал и Барселона, има учинок од 3 порази, 1 реми и 1 победа. Синоќа на мечот Астон Вила - Вест Хем, двајца домашни фудбалери, Анвар Ел Гази и Тајрон Мингс за малку не се затепаа после 30 минути игра.
Тешки времиња носат и тешко бреме, па така омилениот клуб на рударите од градот со најмногу јаглен во Германија, морал да помине низ најмачниот период во историјата на земјата.
1998 година, Амазон се уште е мала и нова компанија (за американски размери), ама Нетфликс е уште помала и понова. Нетфликс во тоа време речиси една година e во бизнис со видео содржини, бизнис во кој Амазон сака да влезе, па овие им изгледаат како одличен почеток.
Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.
Досегашниот биланс на мртви од ураганот Доријан на Бахамите е 30 луѓе, ама ова бројка е само од потврдени случаи кои не ги земаат предвид стотиците луѓе што се уште се водат како исчезнати и допрва треба да бидат пронајдени.
Славната кочанска фудбалска приказна која од третолигашка, оваа сезона ја има еден ранг погоре, се разви најмногу со помош на нивниот модерен начин на работа на социјалните мрежи, особено на Твитер. Да го ѕирнеме нивниот амбиент од лице место.
Околу 4.000 хрватски навивачи ја бодреа репрезентацијата на мечот против Словачка на кој „коцкестите“ ги прегазија домаќините со 4 парчиња во нивната мрежа (0:4). Пред и после мечот навивачите на Хрватска се забавуваа на секаков можен начин.
Шкотите речиси секогаш играат во традиционални сино-бели бои и тешко е да се поверува дека оваа брутална репрезентација позната по фајтерска игра некогаш играла во розови дресови. Пред три години така се појавуваа на гостувања, а и пред 100 години играле во оваа боја.
Во 5. коло од квалификациите за Евро 2020, најдобрите македонски фудбалери освоија драгоцен бод на гостувањето во Бер Шева, со кој остануваат во игра за второто место во групата. Аријан Адеми ја потврди животната форма од Динамо и постигна ефектен гол со глава.
„Во дигиталново време, дефинирани сме како пиксел во окото на камерата. Седиме мирни, не мрдаме, сликаме и се молиме на фотографските богови да ја снимат убавината што толку очајно ја бараме. Понекогаш пикселите велат дека вредиме. Понекогаш не предаваат. Во секој случај, на нивна милост и немилост сме.”
Ронан Парк е во Јапонија. Дваесет и шест часа подоцна е назад во Лондон. Скока низ временски зони, седи по неколку часа во Азија, за после да поседи неколку часа во Швајцарија, па да се врати дома. Работно место: бркање поп-ѕвезди со фотоапарат. Возраст: 21 година.
Во 40’ минута од дербито на преубавата „Откритие Арена“ во Москва, 36-годишниот Јуриј Жирков, најстар фудбалер на теренот и еден од најстарите во рускиот фудбал, постигна прекрасен гол.
Турскиот фудбал стварно е уникатен. Никаде на свет нема таков порив масовно да се дојде на аеродром, на плоштад, на автопат, за да се сретне новото засилување на клубот.
Амбицијата на Салвини својата позиција на министер за внатрешни и заменик премиер да ја апгрејдува во премиер на Италија заврши (за сега) неславно, откако неговиот коалиционрн партнер му сврте грб и најде друг да му го пополни парламентарното мнозинство.
Ако Серија А сезонава биде како дербито Јуве - Наполи на кое паднаа дури 7 гола, тогаш ќе гледаме неверојатен фудбал. Шампионот со головите на дебитантот Данило, Игуаин и Кристијано Роналдо водеше 3-0 после 62' минути игра и кога сите мислеа дека е готово, Наполи во рок од само 15 минути се врати на 3-3 преку новите засилувања Костас Манолас, Ирвинг Лозано и Џовани ди Лоренцо. На крај лудница во судиско продолжение.
Ѓоковиќ на загревањето пред мечот од 3. коло на УС опен против Денис Кудла имаше вербална расправија со некој гледач кој стоел зад оградата на споредниот терен до „Флешинг Медоуз“. Наводно гледачот го прашал: „Кога ќе одиш во пензија, нели си повреден“? Србинот се свртел и тргнал кон него: „Ќе те најдам после, верувај ми, ќе те најдам“, му рекол.
Тајрон Мингс (26) го импресионирал Гарет Саутгејт со игрите во Премиер лига, па решил да му даде повик за квалификациите за Европско првенство 2020. Тајрон првпат ќе игра за Англија, а неговиот животен и фудбалски пат е просто неверојатен.
Министерства за економија и финансии во некои држави не работат како што оперира португалскиот гигант. Ај што заработуваат вреќи пари од продажба на врвни играчи, туку и плански трошат, не се расфрлаат со пари и се во неверојатен плус во последните 5 години.
По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.
Полскиот репрезентативен голман зад себе има богата кариера. Цели 5 години го чуваше голот на Селтик, потоа бранеше во Фиорентина, па во Саутемптон и сега е во премиерлигашот Борнмут.
Најдобриот фудбалер на светот за 1995 година, човекот кој стана прв неевропски играч кој ја добил „Златната топка“, легенда на Милан, веќе неколку месеци не може да се справи со проблемите како претседател на Либерија.
Шпанските медиуми во целост го испочитуваа апелот на доскорешниот селектор Луис Енрике за тишина и молк.Тој се повлече поради тешката болест на малечката ќерка која, на голема жал, почина.