Хајлајтс од лудото дерби Јуве - Наполи

Ако Серија А сезонава биде како дербито Јуве - Наполи на кое паднаа дури 7 гола, тогаш ќе гледаме неверојатен фудбал. Шампионот со головите на дебитантот Данило, Игуаин и Кристијано Роналдо водеше 3-0 после 62' минути игра и кога сите мислеа дека е готово, Наполи во рок од само 15 минути се врати на 3-3 преку новите засилувања Костас Манолас, Ирвинг Лозано и Џовани ди Лоренцо. На крај лудница во судиско продолжение.

 

1 септември 2019 - 08:28