Поранешниот тренер на Рома, Барселона, Селта Виго и Шпанија поминува низ најтешкиот период во животот. Неговата 9-годишна ќерка Ксана почина како последица од остеосарком. Болеста сериозно ја намачила во последните пет месеци.
Остеосаркома е рак на коските. Редко се појавува кај деца, процентот на излекување оди од 60% до 70% успешност во случај ако нема метастаза и ако саркомата ги опфатила само нозете или рацете.
„Нашата ќерка Ксана почина денес на 9-годишна возраст после пет месеци интензивна борба со остеосарком. Им благодариме на сите за покажаната љубов во текот на овие месеци и им благодариме на сите за разбирањето на деликатниот момент. Му благодарам и на персоналот на болницата Сан Жоан де Деу и Сан Пау за преданоста во работата. Фала до лекарите, медицинските сестри и сите волонтери“, напиша Енрике синоќа.
— LUISENRIQUE (@LUISENRIQUE21) August 29, 2019
Енрике, кој во својата кариера со голем успех играше за Реал Мадрид и Барселона, за болеста на својата ќерка дознал на 26 март, пред квалификацискиот меч за Евро 2020 со Малта. Веднаш го напуштил кампот и се вратил дома, а неговиот помошник Роберт Морено ја презеде репрезентацијата.
Луис Енрике набрзо даде оставка и во медиумите не зборуваше за причините. Иако многу страни во Шпанија знаеа за тешката вест, речиси сите го испочитуваа апелот на Енрике за тишина во деликатниот момент.
„Семејството е светост. Екипата е со вас до крај“, му напиша капитенот Серхио Рамос.
Во знак на почит и сочувство до Енрике и неговото семејство, шпанската репрезентација ја откажа предвидената прес конференција на која требало да се анализира списокот играчи за квалификациите за Европско првенство.
Реал Мадрид утринскиот тренинг го започнал со едноминутен молк во знак на сочувство до семејството на Енрике:
The squad held a minute's silence before training following the passing of @LUISENRIQUE21’s daughter. pic.twitter.com/hUC9oENmMw
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) August 30, 2019
„Ксана, ќе ни недостигаш многу, ќе те паметиме секој ден од нашиот живот и ќе се надеваме дека повторно ќе те сретнеме. Ти ќе бидеш ѕвезда водилка на нашата фамилија. Почивај во мир, Ксанита. Твоето семејство“, го заврши отвореното писмо Луис Енрике.