Новак до провокатор од трибините: „Ќе те најдам“

Ѓоковиќ на загревањето пред мечот од 3. коло на УС опен против Денис Кудла имаше вербална расправија со некој гледач кој стоел зад оградата на споредниот терен до „Флешинг Медоуз“. Наводно гледачот го прашал: „Кога ќе одиш во пензија, нели си повреден“? Србинот се свртел и тргнал кон него: „Ќе те најдам после, верувај ми, ќе те најдам“, му рекол.

На прес конференцијата по триумфот против Кудла, Ѓоковиќ објаснил што мислел:

„Така реков за да го почестам пијалак после. Ми се допадна тој човек. Ќе му платам пијалак... Не е важно што ми кажа, нека остане меѓу нас. Не е ни свесен колку ми помогна. Веројатно не ни сакаше такво нешто“, рече Ноле кој славеше 3:0 и се пласираше во 1/4 финале.

 

31 август 2019 - 13:18