Неколку недели траеше сагата околу трансферот на Колумбиецот Фалкао од Монако во Галатасарај. Некогаш најдобриот шпиц на светот чекаше преселбата да се реализира, за да може да се концетрира на фудбал.
Му кажувале колку се луди навивачите во Турција, но тој, самиот Јужно-американец играл по пеколни терени на тој континент и сметал дека видел се. Ама....
Во саботата вечер Галатасарај објави на официјалниот сајт дека води преговори со Фалкао, а вакви објави во Турција значат само едно: го договоривме, доаѓајте!
Навивачите на клубот од Истанбул почнале да се собираат на главниот аеродром во градот некаде на пладне, на 6 часа до слетувањето на шпицот. Се собрале во еден момент околу 25.000 луѓе, а колку точно имало кога авионот со новиот напаѓач слетал никој не можел да пресмета.
Ваков пречек немала ни најголемата рок ѕвезда. Беа качени по дрвја, по коли, по бандери, со знамиња и со бакљи.
Falcao’yu bekleyen Galatasaray taraftari... pic.twitter.com/0RMAKwUG3s
— Yakup Çınar (@yakupcinar) September 1, 2019