Жорж Веа се прослави во дресот на Монако, на Милан и ПСЖ. Освојуваше шампионски титули во три земји, освои три купа и многу индивидуални награди.
Откако ја заврши богатата кариера во 2003 година, Либериецот почна активно да се занимава со политика. Во 2005 година првпат, како претседател на својата партија, се кандидираше на претседателски избори. Иако победил во првиот круг, во вториот изгубил од својот против-кандидат Елен Џонсон Серлис кој во следните 12 години ја водеше земјата.
Но во декември 2017, некогашната ѕвезда на Милан одново се најде меѓу кандидатите за претседател, и тогаш граѓаните на Либерија му го доверија управувањето со земјата.
На 22 јануари 2018 Жорж Веа и официјална стапи на должноста претседател на Либерија.
Во предизборната кампања тој неколку пати зборувал дека планира сериозно да ја намали сиромаштијата во земјата, да го зголеми квалитетот на здравство, на образование и наука. Но неговата главна задача била активна борба со корупцијата во земјата. Но веќе половина година откако Жорж станал претседател, од ветувањето некако „празна капа“
За жал и не му е така лесно. На почетокот на новиот Милениум, Либерија преживеала неколку страшни граѓански војни кои траеле 14 години.
Кога граѓанската војна конечно завршила во 2003 година, Либерија била срушена и пеплосана. Економијата била ужасна, војната однела околу 250.000 жртви (во тој момент десетина од вкупното население), а соседните земји одбивале да соработуваат со Либерија.
Помош стигнала од миротворците на ООН кои почнале да ја поддржуваат економијата на земјата и плаќале по 360 долари годишно за секој човек. Либерија секоја година за разни проекти добивала по 500 милиони долари од Обединетите Нации.
Либерија почнала полека да се созема после разорните војни, и во периодот од 2010 до 2014 растот на економијата бил од 6 до 8%, а планирале и поголем скок, но не се случил од две причини. Прва е вирусот Ебола од кој во Либерија починале околу 11.000 луѓе и кој ги предомислил инвеститорите. Втората причина е врзана со првата - државата ја науштиле миротворците од ООН, организација која држела четвртина од БДП-то на земјата.
Иако Веа е омилен човек кај Либеријците, тој не можел да се справи со проблемите со економијата. Растот на инфлација до декември 2018 достигнал 29%. Половина од граѓаните живееле со помалку од 2 долари дневно.
Од друга страна Жорж се труди да привлече нови инвеститори и веќе има некои мали плодови на таа политика. На пример, во јули годинава во Либерија се отворил првиот металуршки завод кој ќе биде специјализиран за производство на разни арматури.
Но и ако ја подигне еконмијата, Веа во Либерија има многу проблеми како што е корупцијата. Како што пишува Afrobarometer, околу половина жители на Либерија неколку пати биле принудени да подмитуваат за некакви услуги. Во моментов во Либерија немало никаква тенденција за смалување на корупцијата.
Опозицијата во Либерија веќе е на улица, таму има масовни протести преку кои се бара оставка од претседателот Веа. Полицијата неколку пати разбивала демонстрации и ограничува пристап до социјалните мрежи.