Најдобриот фудбалер на светот за 1995 година, човекот кој стана прв неевропски играч кој ја добил „Златната топка“, легенда на Милан, веќе неколку месеци не може да се справи со проблемите како претседател на Либерија.
Некогашниот најдобар фудбалер на светот и еден од најдобрите играчи во историјата на Милан по сè изгледа ќе стане прв човек на африканската земја Либерија. Одамна имаше политички аспирации, а сега го достигнува врвот во обидот да ја уреди својата татковина.
Тунис со 4-1 ја совлада Либерија, а вториот гол на домаќините беше после катастрофалната грешка на гостинскиот голман Џејмс Галеј. Не за џабе викаат добар голман е пола екипа. Исто важи и за дрво од голман.
Малолетни фудбалери од западна Африка се пренесуваат во Азија каде потпишуваат договори и веруваат дека ќе заработат поголем трансфер, а живеат во мизерни услови без никаква заработка и дозвола за престој.
Манфред Збрзезни, германско-италијански ковач кој живее во Либерија, и неговиот тим вешти занаетчии, со години собираат остатоци од оружје од долгата граѓанска војна во оваа земја. И го претвораат во скулптури.