Либерија и ужасите од „добронамерните“ странци

Новинарска истрага во Либерија открива дека во тамошно училиште раководено од американска НВО со години се случува систематско силување на девојчиња.

Станува збор за невладината организација „More than me“ (МТМ) ко-основана од Либериецот Мекинтош Џонсон и Американката  Кејти Мејлер која „со години патува низ светот собирајќи милиони долари за академијата што ја основа во главниот град на Либерија, Монровија, додека нејзиниот либериски партнер редовно силува млади ученички“.

Во репортажата на Пропублика, либериската сестра Ирис Мартор, поранешна вработена на МТМ која прва го открива малтретирањето - објаснува зошто ко-основачка Кејти Мејлер, нејзиниот доминантно бел американски борд, и легијата на неискусни и неквалификувани учители и администрација на училиштето се испрани од секаква вина:

„Тие мислат дека ние (Либеријците) сите сме глупи луѓе со малку или без образование, и дека нашиот систем е фрагилен, и дека ним ќе им биде прогледано низ прсти затоа што се со бела кожа... Кејти тоа го чувствува. Ама не е точно.“

Целата репортажа и истрага на Пропублика:

 

15 октомври 2018 - 14:04