По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Сме чуле за дресирани болви, за кокошки кои знаат математика (од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“), за дресирани свињи кои се дел од историјата на циркусот и карневалите, ама едно нешто до сега немавме сретнато: дресирани алигатори.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Кокерот Флаш го спомнавме кога пишувавме за подзаборавената биографија на Вирџинија Вулф на ова куче. Она што не го знаевме е случајот со неговото грабнување, кој направил неговата сопственичка - позната викторијанска поетеса - да го отфрли татковскиот авторитет и да се омажи со својата тајна љубов.
Император, војсководец, за многумина генијален стратег. Во еден момент изолиран на крај на светот, во куќа без ви-фи и сателитски канали, а полна стаорци. Што може човек да прави во такви околности а да не полуди? Па - да учи странски јазик.
Познатиот канадски автор, долгогодишен претседател на Меѓународната организација на писатели ПЕН, има многу необичен стил. Тој „вози“ на горивото на добрата, но вообичаено изведена проза, до моментот кога нешто во неа „кликнува“ и возилото почнува да се одлепува од земјата. Одеднаш сите дотогаш обични ликови добиваат морничави црти, во кои на моменти препознавате и такви на вам познати луѓе. А ако сте баш фер, во нив ќе видите и свои.
Сме сретнале разни раскази, ама ваков не бевме биле прочитале, во кој авторот го раскажува сопственото раѓање, точно како да бил присутен на настанот! Го објавуваме на роденденот на главниот лик, а во спомен на дедо Сотир, со коскестиот нос и убавото име.
Нова книга посветена на феноменот на човечкото пливање ја трасира неговата историја од првите цивилизации, дo денешната популарност како спорт и уживање.
Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат.
Две сликовници, во сосема ист формат и за иста целна група, едната напишана од ќерката и жената на потпретседателот на САД, а другата од Џон Оливер. Што ли би можела да биде разликата?
„Теоријата на благонаклоно реметење“ е уште една во редицата обиди да се објасни природата на хуморот. Работата е што луѓето главно не се благонаклони, па оттаму и реметењата стануваат не-смешни.
Од сите книжевности на светот, најмистериозната припаѓа на Велигденските острови, денес чилеанска територија во југоисточниот Пацифик. Таа е напишана со писмо - ронгоронго - кoe сè уште никој не го дешифрирал. А можеби е и подобро тоа никогаш да не се случи.